Дакар Рели 2023 во 11-та етапа Леб ја нанижа 4-та победа

Легендарниот рели шампион ја продолжи успешната низи на етапи на овој маратон…

Рели Дакар – 11-та етапа возена од Шајба до маратонот „Празна четвртина“ (Empty Quarter) со 274 километри брзински тест на Леб му ја донесе четвртата победа. Со 11-тата етапа  релито Дакар им донесе пустински предизвици на натпреварувачите. Четврти пат по ред оваа година, најбрз беше Себастиен Леб (Sebastien Loeb), кој вози Prodrive Hunter за тимот BRX. Французинот Герлен Чишерит (Guerlain Chicherit) ја заврши делницата на второто место во истиот автомобил со заостанување од 2′:16, додека трет на сцената беше Матијас Екстром (Mattias Ekstrom) во единствениот преостанат Audi RS Q e-tron E2, секако најскапиот и најкомплексниот автомобил на овогодинешното рели Дакар.

Најважен за генералниот поредок е пласманот на Насер Ал-Атија (Nasser Al-Attiyah), кој со внимателно, тактичко, но и доволно брзо возење заврши шест минути зад Леб и го задржа водството на 1h 21:04“ пред второпласираниот Лукас Мораеш (Lucas Moraes).

Бразилецот Мораеш е откритието на овогодинешното рели Дакар. Со германскиот совозач Тим Готшалк (Tim Gottchalk), тој дебитира на Дакар со Toyota Hilux, но без фабричка поддршка за тимот Overdrive Racing постигнува одлични резултати.

Иако Леб се приближува до него од третата позиција и сега заостанува девет минути, Мораеш има шанса да го освои второто место на релито Дакар во 2023 година.

Сепак, тој ќе има уште многу време да се брани од Леб, кој просто ја прелетува пустината во последните неколку етапи.

Следната 12 етапи се враќаат во Шајба, а по завршувањето на 185-километарскиот специјал, екипажот нема да може да добие помош од тимовите и само 60 минути ќе може да работи на сопствени возила.

Во конкуренција на мотоциклисти натпреварувачот со мустаќи (доколку победи, ќе биде првиот мотоциклист со мустаќи, по кои е многу препознатлив меѓу конкурентите),  Американецот Скајлер Хоус (Skyler Howes), иако 11-та етапа ја заврши на четвртото место, повторно води.

Победник беше Лучијано Бенавдес (Luciano Benavdes) на фабричката  Husqvarnа, Даниел Сандерс ( Daniel Sanders) на фабричкиот GasGas ја мина целната линија со заостанување од 1′:38“, а Тоби Прајс (Toby Price) само 18 секунди подоцна на фабричката машина на КТМ.

Во генералниот пласман на три етапи пред крајот на релито, Хоус на  Husqvarnа  води со само 28 секунди пред второпласираниот Прајс и 2′:44″ пред третопласираниот Бенавидес.

 

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Cadillac V-LMDh

Ferrari SF-23 нелегален!?

McLaren претстави „специјален автомобил“ – MCL60

Formula 1- претставен Ferrari SF-23

Возачите на Формула 1 не ќе смеат а даваат политички изјави

Cadillac сака во Formula1

Шпанија ќе добие уште една Moto GP трка!?

Alfa Romeo F1 Team Stake го претстави болидот C43 за претстојната F1 сезона

Подновени Renault Clio и Captur нов SUV и мал електричен автомобил