Релито Дакар 2023 донесе непланиран ден за одмор за возачите на мотоцикли и „квадови“ во 7-та етапа додека, другите натпреварувачи мораа да работат напорно..
Имено двете категории што имаа одмор организаторот од безбедносни причини ги откажа брзинските тестови поради дождот што во ноќта во петокот падна во Саудиска Арабија.
Меѓутоа, возачите на мотоцикли и квадови не го преспаа цел ден, бидејќи од Ријад до Ал Дувадими требаше да поминат уште 500 километри, но по асфалтн пат.
За останатите возачи немаше одмор, напротив. Совозачите, кои се претежно навигатори на релито Дакар, имаа полни раце работа со брзински дел долг 333 километри, без никакви траги од мотоциклисти кои секогаш тргнуваат пред креациите на четири и повеќе тркала (камионите).
Иако на шестата етапа сериозно ја оштети својата Toyota Hiliux, во текот на ноќта се врати на бивакот, а механичарите работеа на болидот до утрото, Јазид Ал Раџи (Yazeed Al Rajhi) потсети дека не случајно често е на врвот на генералниот пласман во релито Дакар. Имено тој постигна уште една етапна победа и зад себе ги остави Литванецот Ваидотас Зал (Vaidotas Zal) со повеќе од осум минути и Герлен Чичерит (Guerlain Chicherit) кој стигна на целта со задоцнување поголемо од 10 минути зад победникот на етапата.
За жал за Ал Раџи, неговите соништа за врвен пласман се завршени.
Исто така и проблемите за екипите на Audi се уште не се завршени.
Откако Стефан Петерхансел (Stephane Peterhansel) испадна од натпреварувањето, Карлос Санц (Carlos Saincz) сепак успеа да стигне до бивакот и неговите колеги од тимот кои некако успеаја да го подготват неговиот Audi RS e-tron E2 за старт, но техничките проблеми продолжија за време на брзинскиот дел.

Како тоа да не беше доволно, третиот возач на фабричкиот тим на Audi, Матијас Екстром (Mattias Ekstrom), со голема брзина удри во карпа скриена во песокот и ги оштети тркалото и задната суспензија на неговото Audi, со што практично за него и заврши Дакар 2023.
Додека другите имаат проблеми, Насер Ал Атијах (Nasser Al- Attiyah) може внимателно да вози и да не ризикува премногу, односно полека да се движи кон одбрана на титулата.
Во генералниот поредок тој е повеќе од еден час пред тимскиот колега Хенк Латеган (Henk Lategan ) во Toyota Hilux и 1h:11 пред Лукас Мораес ( Lucas Moraes ) од тимот Overdrive, кој во овој момент е на третата позиција во генералниот пласман.
Во конкуренција на камиони, етапната победа ја освои Јанус Ван Кастрен ( Janus Van Kastren ) во Ивец, втор беше Алес Лопраис (Ales Loprais) во Praga со заостанување од 3′:42“, а Мартин Ванденбинк (Martin Vandenbink) ја мина целта како трет со заостанување од 6′:19“.
Алес Лопраис води во генералниот поредок во Praga со точно две минути предност пред Ванденбринк.
Осмата етапа се вози од Ал Дувадими до Ријад, со планирани за возење над 800 километри, од кои 346 се специјални тестови (брзинци), и околу 476 поврзани километри.