Дакар рели стартува со изненадувања

Победникот на првиот ден на Dakar Rally 2020 ги изненади сите во класата на автомобил, но затоа пак, кај мотоциклистите, горе, долу, се постигнати очекуваните резултати…

Познато е дека Dakar рели не се добива првиот ден и дека пред натпреварувачите се екстремно тешки предизвици, но исто така натпреварувачите знаат дека секој резултат е важен.

Во поголемиот дел на првиот брзински испит долг речиси 300 km водел бранителот на титулата Насер Ал –Атијах ( Nasser Al-Attiyah) во Toyotа Hilux, но на крајот на првиот дел не останал на чело на поредокот.

Имено по 200 km имал механички проблеми, што го забавиле.

Уште еднаш Dakar покажа дека никој нема бланко право на грешки и запирања. Речиси сензационално, најдоброто време го остварил Ваидотас Зала, од Литванија, кој настапува во Mini All4 4×4 возило, a не во фабричко Mini баги. Честа на фабрички возила првиот ден ја одбранил – Mister Dakar Стефан Петерхансел (Stephane Peterhansel) токму во u Mini баги, со задоцнување од две (2) минути и 14 секунди, а третото место и припадна исто така на фабричка екипа  на Mini, во која е Карлос Сајнц (Carlos Sainz), со задоцнување од две минути и 50 секунди.

По многумина фаворитот за вкупниот победник Ал Атијах, се пласирал на четвртата позиција со доцнење од 5′:33”.

Дебитантот, но воедно едно од најатрактивните имиња на годинешното издание на најтешката трка во светот, Шпанецот Фернандо Алонсо (Fernando Alonso), имал сосема солиден прв ден и го заземал  11-то место со 15 минути заостанување зад водечкиот.

Во конкуренцијата на мотоцикли нема изненадувања, барен не првиот ден. Така, Тпби Прајс (Toby Price), и порај три пати дупнување на гуми, и тоа во само 10 km., успеал да заврши таму каде се најде и на крајот на минатогодишниот Dakar Rally- на првото – лидерско место. Тој на својот KTM стасал прв со предност од две (2) минути пред фабричкиот возач на Hond, Рик Брабек ( Rick Brabec), и 2′:40” пред третопласираниот тимски колега Матијас Валкнер (Mathias Walkner)..

Во конкуренција на камионите првите три челни позиции ги освоија возачите на Kamaz.

Водечки е Каргинов, со 1′:38” предност пред второпласираниот Сотников, додека на третата позиција се пласирал Шибалов со задоцнување од  5′:17” за лидерот.

Втората етапа од Al Wajh до Neom има само 26 поврзани километри и дури 367 специјални испити, но сепак, теренот нема да биде толку напорен, а најголемиот предизвик пред орните натпреварувачи тука ќе биде навигацијата и снаоѓање во просторот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нашите Твинговци со два тима во ТОП 10 на трката во издржливост на Endurance Race LEMA Гробник 

Македонските „Твинговци“ со фантастичен настап на „Гробник“

АКК Рено Спорт ја стартува втората сезона на  Twingo Cup  со интернационален трка на „Гробник“

Toyota ја претстави унапредената GR Supra за 2021 со 387 КС

Ferrari го претстави својот нов болид – SF1000

Carlos Sainz, Ricky Brabec и Andrey Karginov „кралеви“ на Dakar 2020

И по претпоследната етапа на Dakar  Rally се уште ништо не е јасно!

Фернандо Алонзо – губитник на 10-та етапа со тумбање во трипл „салто“!

Rally Dakar – „испари“ прeдноста на Сајнц !