Данска сака ЕУ да ги укине дизел и бензинските возила од 2040 година

Од Данска упатија повик до ЕУ (Европска Унија) со предлог за укинување на возилата со конвенционален погон, подржан од 10 други земји членки на Унијата….

Предлогот, кој беше даден за време на состанокот на министрите за животна средина на ЕУ, вклучува и забрана за продажба на ниво на Држави -членки до 2040 година, како мерка против климатските промени.

Европската комисија сака да ја направи Европа првиот климатски неутрален континент до 2050 година, но Данска тврди дека за да се постигне ова, транспортниот сектор мора да ги намали емисиите.

Целта на ЕУ е да ги намали емисиите на јаглерод за 40% до 2030 година, а Европската комисија планира да ги намали на нула до 2050 година  со цел да го запре глобалното затоплување.

„Треба да признаеме дека се брзаме“, рече данскиот министер за клима и енергија, Дан Јоргенсен, по состанокот.

Уште во октомври 2018 година, Данска објави дека ќе забранат продажба на сите автомобили со согорување на фосилни горива до 2030 година, но подоцна ја укина идејата затоа што тоа беше против правилата на ЕУ.

Новиот предлог на Јоргенсен сега вклучува да им се дозволи на одделните земји-членки да ја забранат продажбата на дизел и бензински автомобили и се надева дека ќе изврши притисок врз Европската комисија за целосна забрана на фосилни горива во регионот.

Покрај тоа, Јоргенсен рекол и дека е важно ЕУ да ги комуницира своите долгорочни насоки на политиката на производителите на автомобили и дека Данска ќе воспостави алијанса со 10-те држави што ја поддржуваат оваа стратегија на фази  на  забрана на дизел и бензински автомобили за да прави поголем притисок врз ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија – Преполни плацови со нови возила купувачите претпазливи

На глобално ниво Renault отпушта 15.000 работници!

Пазарот во Германија полека заздравува

Пресврт: РКЕ со одлука за поевтинување на горивата од полноќ!

Продолжува окрупнувањето во авто- индустријата: Алијанската меѓу Ford и Volkswagen се официјализира

Datsun redi-GO facelift

Најавена новата Nissan Frontier

Еуроимпекс во партнерство со меѓународниот проект во рамките на програмата  „Еразмус +“

Извозната агенција на Италија одобри заем за Fiat Chrysler