Datsun redi-GO facelift

На пазарот во Индија Datsun започна да ја продава рестилизираната верзија на малиот модел redi-GO, наменета за пазарот на индискиот потконтинент…

Редизајнот му даде на овој градски hatchback поагресивен изглед на предниот дел, благодарение на поголема решетка, новите фарови, LED дневните светла и поинаку дизајниран браник.

Исто така, има и нова хауба, поголем спојлер на крајот на покривот, 14-инчни алуминиумски тркала, поширока палета на бои, како и помодерна внатрешност (нова предна инструмент плоча, централна конзола …), како и побогата опрема (вклучувајќи го и новата 8,0-инчен мултимедија системска како и задна камера во поскапи верзии).

Под хаубата на ова возило долго 3429 мм може да се најде 0,8 или 1,0 литарски бензински мотор со моќ од 54КС / 72 Nm или 68КС / 91 Nm. Стандардно доаѓа во комбинација со пет -степен мануелен менувач (посилната верзија има опција на роботизиран AMT менувач).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новата Opel Mokka  со ново лого на Opel

Произведен првиот Aston Martin DBX

Ексклузивно- Toyota денес открива нов модел – crossover базиран врз Corolla?

Најавен нов Haval H6

Вуков од сезонава со Порше Карера во нов предизвик: Голем предизвик за мене!

Citroën C5 во 2021 ќе атакува на VW Passat!

Daimler ја продава фабриката на Smart, можен купувач- Ineos, производител на Grenadier. наследник на класичниот Defender !

Истрагата за аферата dieselgate се прошири и на добавувачот Continental

Volvo се стабилизира- во Јуни продал само за 2,1 % помалку автомобили