Davinci Motor го најави својот прв електричен мотоцикл за европскиот пазар, откако веќе изгради име на својата родна почва, во Кина…
Davinci Motor ја лансираше својата креација на две тркала со електричен погон – DC100 во Кина уште во текот на минатата 2021 година, а речиси две години подоцна е подготвен овој свој производ да го донесе и на пазарите во Европа.
Станува збор за електричен мотоцикл со изглед кој секако може да се опише како интригантен.
Објективно гледано, тоа е интересен дизајн кој ќе се истакне дури и меѓу неговите идни ривали на Стариот континент.
Под надворешноста, технологијата што стои зад мотоциклот DC100 ја разви Davinci Motor во соработка со Универзитетот Цингхуа во Пекинг.
Според тоа, DC100 вклучува некои интересни електронски решенија, како што е помошта за нагорнина која може да му помогне на возачот да ја одржи контролата при мала брзина (5 km/h по угорнина, 7 km/h по удолница) и помош за возење во рикверц.
Покрај тоа, DC100 нема инструмент табла, барем не во класична смисла.
Наместо тоа, возачот може да ја преземе апликацијата Davinci, која го претвора телефонот во интерактивна единица.
Во однос на перформансите, DC100 има максимален вртежен момент од 850 Nm, максимална моќност од 100 kW (135 КС) и автономија од 357 km со едно полнење на пакетот батерии.
Ова делумно се постигнува благодарение на регенеративниот систем за сопирање, кој Davinci Motor го нарекува „систем за обновување на кинетичката енергија“, односно . „KERS“ – како што го нарекуваат во формула 1.
Нема вградено ABS систем во мотоциклот DC100, но истиот користи CBS, додека контролата на тракцијата е информирана од 200 сензори, а фирмверот на мотоциклот може да се ажурира од далечина.
Davinci планира да воведе технологија за само балансирање, далечински управувач и самоуправување на овој модел во иднина.
Покрај тоа, планира да воведе интерфејс за програмирање на апликации со отворен код.
Кога ќе пристигне во Европа, Davinci DC100 би требало да чини околу 26.000 евра, а испораките се очекуваат меѓу вториот и третиот квартал следната 2023 година.