De Tomaso станува американска марка

Во светот на автомобилизмот и бизнисот, сè е можно, па легендарниот италијански бренд De Tomaso станува американски бренд….

De Tomaso, порано, беше италијански бренд во 70-тите и 80-тите години, со акцент на италијанскиот.  Тој  влезе во легендата и потоа згасна. Тој бил најпознат по моделот Pantera , супер спортски автомобил, без  италијански мотор.

Кога ќе се потсетиме дека Pantera во тоа време користел мотор V8 на Ford, јасно е дека и тогаш Америка била „вклучена“ во италијанската икона.  А, De Tomaso во тоа време воопшто не беше наивна компанија.

Покрај сопствените спортски автомобили, таа ги поседуваше Maserati и Innocenti, како и брендовите на мотоцикли Benelli и Moto Guzzi. Од целата империја De Tomaso, денес зад оживувањето на легендарниот бренд стои американски капитал.

Сопственикот на Ideal Team Ventures моментално бара соодветна фабрика во Америка, каде што во рамките на стратегијата наречена „Mission American Automotive Renaissance“, би се произведувал автомобилот De Tomaso P72, кој беше претставен минатата година.

Уште повеќе, истата компанија е сопственик и на Apollo Automobilе, така што P72 и идниот модел Apollo Intensa Emozione ќе имаат заедничка само – носечка каросерија  изработена од јаглеродни влакна.

De Tomaso P72, прикажан на светот минатата година на Goodwood Festival od Speed, е супер спортски автомобил, кој сепак користи срце од Ford за својот погон.

Пред задната оска се наоѓа 5.0-литарски V8, кој со помош на компресор достигнува над 700 КС и 825 Nm, а моќта им ја испорачува на задните тркала исклучиво преку шестстепен мануелен менувач.

De Tomaso планира да произведе 72 парчиња P72 и да ги продаде по цена од околу 750.000 евра.

Од компанијата тврдат и дека нарачките се веќе пребукирани и дека има повеќе од обемот на планираното производство, иако првите испораки се планираат за 2022 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Nissan Titan стана pick up камионет на струја!

Rolls-Royce Black Badge колекција доби одвежување

Од Maserati го најавуваат  Project Rekall

Последниот Fiat 124 Spider за Јапонија ќе биде продаден на аукција

Најопасни се патиштата со минимално ограничување на брзини!

Последни рендери на идниот Peugeot 308

Volkswagen „кинески“ модел воведува  во Европа

Новиот SUV на MINI ќе се прави во Германија

Трејлер за нова Grand Tour авантура