Дебитира BMW XM

Помина речиси една година од премиерата на концептното возило кое лесно буди емоции и кое го запознавме како BMW XM и сега гледаме зрела верзија на истата, односно сериска модификација која доаѓа како иконски модел за баварската компанија…

Како прво, тоа е само вториот оригинален модел во полувековната историја на М дивизијата, што значи дека нема да се базира на „цивилен“ модел, додека вториот важен факт е дека ова е само првиот модел. од гамата на под-марката М што доаѓа со хибриден погон.

Во овој првичен дел на текстот би било пригодно и да дадеме едно потсетување дека првото BMW со ознака М што не се засноваше на модел кој е „не-М“ беше Coupe со средишно поставен мотор, а повторно ќе потсетиме станува збор за модел со име BMW M1 и беше склопуван само во интервали од 1978 до 1981 година.

Изгледот на актуелната crossover креација, во споредба со студијата за концепт, стана некако пообичен, посекојдневен, односно повеќе во склад со секојдневниот живот, што го кажуваме под претпоставка дека очите се навикнале на двокатниот концепт на предните светлосни групи што BMW го турка со своите најголеми адути.

И покрај „секојдневната“ (ординарна) операција на која беше подложен концептот, crossover моделот XM сè уште се издвојува меѓу автомобилите од гамата на овој и другите конструктори.

Меѓу необичните елементи, се квалификуваше позадинското осветлување на рабовите на решетката на ладилникот, како и краевите на издувните цевки, кои се наредени еден над друг.

Два гребена се поставени на задниот дел од новитетот по ред (иако нацртани), а се наоѓаат во горната зона на задното стакло, што е директна последица на традицијата воспоставена од суперавтомобилот што го споменавме (BMW M1). Воведните бандажи се со дијаметар од 21 инчи, но на новитетот може да се вградат и бандажи од 22 или 23 инчи.

Растојанието помеѓуо ските од 3.105 mm блиску одговара на она на BMW X7, но XM е сепак малку покомпактен бидејќи има само два реда седишта. Долг е 5.110 милиметри, широк 2.005 mm и висок 1.755 mm.

Внатрешноста на crossover моделот XM е целосно слична на другите модели од современата гама на BMW. На предната плоча има екран со инструменти со големина во дијагонала од 12,3 инчи и монитор на информативно забавниот систем од 14,9 инчи.

Веќе во основната верзија се инсталирани повеќеконтурни предни седишта, екран за проекција (HUD Head Up Display) и климатизација со четири зони.

Развојниот тим го именуваше вториот ред на седишта бомбастично како M Lounge, што можеби не е претенциозно со оглед на фактот дека нуди огромен простор за нозете, загреани седишта и потпирачи за глава, напредно осветлување со стотина LED диоди. Волуменот на багажникот е 527 литри и може да се зголеми и до 1.820 литри (кога ќе се ќе преклопаст задните седишта).

BMW XM се заснова на истата платформа на која се базираат и трите crossover модели: X5/X6/X7, но електро-кинематиката на шасијата е повторно прилагодена.

Имено crossover перформанс моделот нуди адаптивен систем на суспензија со пружини, а исто така е и првиот полнокрвен адут на М дивизијата со активни шипки против превртување – anti-rol bar (активатори напојувани од 48-волтни електрични инсталации) и целосно управувана шасија.

Но, задните тркала може да се каже дека се вртат под скромен агол од најмногу 2,5 степени. Сопирачки со клешти со шест клипна се поставени напред, додека клешти со еден клип се на задните тркала.

Под хаубата е новата единица S68. Претставува понатамошна еволуција на V8 4.4 biturbo единицата и е прилагодена да работи во хибриден погон. Во моделот BMW XM, овој мотор е само малку подесен на 489 коњски сили и 650 Nm врвен вртежен момент. Во приказната е вклучен и осумстепениот автоматик ZF менувач што го знаеме и го сакаме од другите модели од баварската гама, но наместо конверторот на вртежниот момент, влечниот (тракционен) електричен мотор со моќност од 197 „коњи“ и 280 Nm вртежен момент е инсталиран.

Хибридниот склоп, кога е на сила, отфрла 653 „грла“ и 800 Nm, што е само малку повеќе од бензинските SUV модели наречени BMW X5 M / X6 M Competition (625 КС и 750 Nm).

Севкупната електротехника е поврзано со петтата генерација на семејството eDrive, онаа што ја знаеме од модерните електрични автомобили со значки на BMW. Под подот на патничката кабина е поставена влечна батерија со капацитет од 29,5 kWh (употребливи само 25,7 kWh) и работи на напон од 317 волти.

Со целосно наполнета батерија, моќната перформанс изведба со голема маса нуди електрична автономија од 82 до 88 километри, со можност за движење со брзини кои не се поимпресивни од 140 km/h. Батеријата може да се полни и на домашен штекер од 7,4 kW, што е огромен хендикеп доколку не е поддржано од можноста за користење брзи полначи (што е единственото нешто што им дава одредена смисла на хибридите).

Покрај електричниот режим (Electric Mode), погонската група има и стандард наречен Hybrid, како и поставки за eControl, кои вклучуваат прилагодување на нивото и интензитетот на враќање на енергијата и одржување на нивото на горивото во батеријата.

Сепак, во согласност со традицијата на моделот М, можете да изберете свој начин на работа на менувачот, шасијата, управувањето и сопирањето. Системот за погон на сите тркала кај овој модел е ист како кај другите големи М креации, што значи дека се потпира на спојката за задната оска и активен заден диференцијал.

Се разбира, хибридот е мацивен, тежи 2.785 килограми, но кога е подготвен за возење (при што 75 кг се однесува на тежината на возачот – а тешко е да се најде таков лесен љубител на BMW). Ќе потсетиме дека споредбените податоци за бензинскиот BMW X6 M Competition се на ниво од 2.395 килограми. Плус 390 кг за XM! Што се доближува до границата од речиси три тона…

Затоа, не е чудно што во однос на динамиката на возење, BMW XM е губитник во однос на споменатиот X6, па наместо да стигне до „100“ побрзо од споменатото купе (3,8 секунди), му требаат сите 4,3 секунди. Максималната брзина е ограничена на 250 km/h, но со M Driver’s Package може да биде 270 km/h. Во случајот со моделот X6 M, еквивалентот е 290 km/h.

Сега, во текот на следното лето, ќе дебитира помоќниот хибриден BMW XM Label Red. Вообичаената придавка „ Competition“ овојпат не се користи, што е идеја на маркетинг тимот. Во оваа верзија на crossover моделт, V8 битурбото произведува 585 коњски сили и 750 Nm, додека вкупната моќност на погонската група, која исто така е хибридна, ќе биде на ниво од 748 коњски сили и 1.000 Nm.

Цената во Америка е веќе обелоденета и предизвикува тивки морници: 185 илјади долари. Сепак, овде немаме прикачени фотографии, ниту други делови од техничките спецификации.

Воведниот BMW XM стартува со цена од 159 илјади американски долари, додека цената за X6 M е на ниво од поразумни 114 илјади долари. Новиот XM ќе се составува во истата фабрика во Јужна Каролина каде што се склопуваат и останатите SUV модели на Баварците (од X3 до X7).

Почетокот на производството е закажан за декември оваа 2022 година, додека првите среќници ќе се радуваат на своите примероци наредната пролет. Клучни пазари се кинеските, потоа тие на Блискиот Исток и секако американските.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најавен RAM 1500 Revolution

Електричен Jidu Robo-01

Alfa Romeo Giulia и Alfa Romeo Stelvio го добија својот прв „Face-lift “

Конечно првиот електричен Abarth!

Mazda CX 80 пристигнува вгодина

Електричен Aiways U6

GMC Sierra EV Denali Edition 1

Новата Toyota Corolla Cross- Создадена за новите животни авантури

VW Trinity целосно ќе ги трансформира EV на марката во 2026 година