Шампионот во Формула 1, Макс Ферстапен (Max Verstappen) минатиот месец имаше интересно патување зад воланот на својот болид, додека го возеше на лизгалиштето на аеродромот во Зел ам Зе (Zell am See), Австрија…
На холандскиот мото спортист во таа прилика му се придружи и поранешниот шампион во трки на мраз Френки Корн (Frenkie Corn), а двајцата приредија незаборавен спектакл под Салцбуршките Алпи.
Ферстапен годинава ги извозе првите кругови на сончевото лизгалиште, во болид број еден, но Холанѓанецот ќе биде првиот шампион кој носи број 1 по Себастијан Фетел (Sebastien Vettel) во 2013 година, која беше прва година кога возачите можеа да го изберат својот број.
За возачот на Red Bull тоа беше првпат да вози автомобил на мраз, но и покрај тоа добро се покажа, а помогна и тоа што Pirelli подготви специјални гуми со шила за таа пригода.
До него, Корн лизгаше на својот мотор, кој го спушти до екстремни агли во, така да се каже, екстремни услови..
„Ова е мојот прв пат на мраз во Формула 1 болид и навистина се радував на тоа. Беше многу интересно и прилично лизгаво, па морав да бидам внимателен.
„Се беше замрзнато, вклучително и сопирачките, а болидите на Формула 1 не беа дизајнирани да возат на мраз, што отежнуваше се, но беше многу забавно“, изјави Ферстапен.