Deep Blue C385

Кинески Changan ќе започне со продажба на новиот модел C385 под својот подбренд Deep Blue оваа година…

C385 беше претставен во август минатата година во форма на концепт возило, а станува збор за лифтбек кој ќе се нуди во три верзии: како plug-in хибрид, целосно електричен модел и во варијанта со водороден погон.

C385 е изграден на платформата Changan EPA1, долг е 4820 mm, широк 1890 mm, висок 1480 mm и меѓуоскино растојание од 2900 mm.

Plug-in хибридната верзија комбинира електричен мотор со 160 kW / 217 КС и бензинец (податоци за него не се објавени), како и батерии од 30 kWh, додека автономијата во електричен режим е 200 km (вкупната автономија е до 1200 km).

Целосно електричната варијанта ќе се нуди со две нивоа на моќност, 160 kW / 217 КС и 190 kW / 258 КС, соодветно, со автономија од 515 km и 712 km.

Што се однесува до верзиите со погон на водород, засега е познато само дека ќе имаат електромотор со 190 kW / 258 КС и автономија од 700 km.

Меѓу другото, опремата ќе вклучува мултимедијален таблет од 14,6 инчи, како и систем за автономно возење.

Продажбата на C385 во Кина треба да започне во третиот квартал од оваа година, по овие прелиминарни цени: електрични верзии од 24.850 до 32.000 долари, хибридна верзија од 22.760 долари и водороден модел од 35.720 долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Polestar O2 во сериска изведба во 2025 година

Светска премиера: Нов CITROËN C4 X и комплетно електричен Ë-C4 X

Електричен Hyundai Ioniq 6 на видео

И официјално Citroen C4 X

Подновена актуелната Toyota RAV 4

Промовиран Volkswagen ID. Aero concept

Премиера: Новата Opel Astra  пристигна во Македонија

Се подготвува новиот Citroen C3 Aircross

Нов сој на Peugeot – Новиот 408