Defender- За прв патна филмското платно во филмот „No Time To Die – 007″

Land Rover Defender доживеа спектакуларна премиера на филмското платно во новиот филм за тајниот агент на нејзиното величество“-Џејмс Бонд со наслов „No Time To Die – 007″, кој е веќе во кино салите…

Погледнете го видеото за Defender од зад сцената, дознајте што да очекувате и откријте како ова неверојатно возило, беше предизвикано до крајни граници, при големи брзини и низ сурови терени, демонстрирајќи ги неговите неспоредливи off-road способности.

Запознајте ја Jessica Hawkins

Зад сцената со еден од каскадерите во филмот, Jessica Hawkins, која ни открива какво е чувството да се биде зад воланот на Defender.

Погледнете го видеото за да откриете зошто Jessica смета дека „Врвот на возбудата е да бидеш каскадер во филм за Џејмс Бонд и вистинска чест е да се биде дел од овој неверојатен тим возејќи го Defender”.

Новиот Defender V8 Bond Edition

Land Rover CV Bespoke го создаде новиот Defender V8 Bond Edition,во лимитирана серија од само 300 возила.

Инспириран од неодамна лансираниот Defender V8, со 5-литарски мотор со моќност од 525KC, овозможува забрзување од 0-100km/h за 5,2 секунди и максимална брзина од 240km/h.

Одблиску со Defender V8 Bond Edition

Ексклузивно нарачана од CV Bespoke тимот, внатрешноста на Defender V8 Bond Edition вклучува ласерска гравура, детаљ што укажува дека е Еден од 300 и лого SV Bespoke.

Дополнително, вклучува и 22“ сјајни црни тркала и шепи на предните сопирачки во сина боја Xenon Blue, додека пак ознаката на задниот дел Defender 007, 007 проектирачко светло, осветлените метални плочки на праговите со знак 007, како и анимацијата 007 на екранот за допир ја комплетираат целата слика.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Toyota Land Cruiser LEGO во сооднос 1:1

Techart Porsche 911 Police

Електрична Lancia Delta Integrale настапува воWorld RX шампионатот

Hennessey го испорача првиот Venom F5  и тврди дека може да јури со 500 км/ч

BMW М GmbH во чест на јубилејот се враќа на стариот беџ

Porsche планира голем crossover со три реда седишта

Електричен Калашников UV 4

Lancia Aurelia Outlaw European CSL

Alpha Saga