Дејан Христов повторно блесна- сега со Citroën 2CV

Нашиот сонародник веќе се покажа како вистински мајстор во автомобилскиот дизајн а овој пат ни овозможи да го оживееме споменот на легендата од минатиот век, и да видиме како би можело да изгледа доколку, барем стилски, се преведе на денешниот дизајнерски јазик…

Значи, пред нас е виртуелната реинкарнација на Citroën со ознаката 2CV. Замислен е како модерен урбан продукт на четири тркала, но „скоцкан“ во целосно ретро стил.

 

Многу модели засновани на популарноста на ретро бранот што ја погоди автомобилската индустрија биле и се доста успешни, па затоа како највпечатлив пример го наведуваме Fiat 500.

Меѓутоа марката Citroen дури и не ја реинкарнирала една од своите најголеми легенди, 2 CV.

Така, нашиот независен дизајнер Дејан Христов беше принуден на тоа.

Македонецот во својата креација тргнал од класичниот модел и едноставно го преведе во 21 век.

Рендер убавецот има поголеми, всушност големи тркала, тенки фарови, додека целокупните линии на возилото се поелегантни, притоа избегнувајќи да ја искривуваат првично замислената (оригинална) форма на четири тркала.

Дека од решенијата видени во легендата не е отстапено може да се види од начинот на кој влезната врата или прозорците се отвораат во спротивна насока.

Покрај тоа, споменатите прозори не се отвораат целосно, туку остануваат само помали делови како подвижни.

Обрнете внимание на отсуството на класични огледала – тие се заменети со камери прикачени на столбовите C на оживеаниот култен автомобил.

Голем дел од покривот се отвора слично како и покривот на оригиналното возило на четири тркала, а покрај тоа во него има и модерна опрема како клима уред, информативно забавен систем, па дури и електрично управувано прозорско стакло.

Модерен е и погонскиот систем, што значи дека е и електричен.

Иако мора да кажеме  немаме замислени технички спецификации, ниту севкупни димензии, но сепак знаеме дека со должина од 4.241 милиметар е малку надмоќна од сегашната Škoda Fabia, а многу повеќе од не помалата икона Fiat 500.

Секако, сето ова е хипотетичка приказна, а убавицата најверојатно ќе остане на хард дисковите на бројните автомобилски медиуми кои го пренесуваат новото дело на Дејан.

Иако… како би рекле старите мудри луѓе – „ништо не се знае“, можеби управата на Citroen ќе се реши да го оживее ова култно име на ист начин, а ако се сложат коцките, можеби ќе имаа истиот успех каков што им се насмевнува на раководството на Renault со прекрасен Hatchback на батерии во најава, новата електрична „петка“

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се продава теренска изведба на Rolls Royce, сопственост на кралот на Мароко

До крајот на годината и специјален BMW M модел

Видео Goodwood Festival of Speed 2022

McLaren P1 Spider Lanzante

Се продава Fiat Tipo што го возел легендарниот Најџел Менсел

Alfa Romeo Giulia Speciale лимитирано издание во 15 примероци

Се продава единствениот Jaguar XJS Shooting Brake

Polestar 5 на „Фестивалот на брзината во Гудвуд“

Се продава уникатен Heuliez Intruder