DeLorean Alpha5 изложен на Pebble Beach

DeLorean Alpha5 беше претставен во мај, а сега го имаше своето јавно деби на познатата манифестација на класични и супер спортски автомобили преку „Големата бара“ во Pebble Beach….

DeLorean го привлече вниманието со „оживувањето“ на моделот познат од филмовите „Back to the Future“, а се работи за електричен автомобил, елегантно coupe со масивни врати што се отвораат како крила од галеб (gullwing). DeLorean покажа уште три концепти кои предизвикаа контроверзии во автомобилскиот свет.

Имено, Компанијата создаде рендери на автомобилите што се именувани како: Alpha2, Alpha3 и Alpha4 „генерациски концепт возила“ и ги претстави како имагинарна временска рамка (timeline) во која DeLorean всушност не банкротирал.

Извршниот директор на DeLorean, Јост де Врис (Joost de Vries), во пригодата на ексклузивната манифестација рекол дека концептите се создадени со користење на оригиналните дизајни на автомобили на DeLorean пронајдени во архивата и се „споени со претставите на дизајнот на автомобилите во последните 40 години“.

Така, Alpha2 е спортски автомобил кој може да се смета за наследник на вистинскиот DMC-12, додека пак Alpha3 е луксузен седан со напредна технологија.

За креацијата Alfa4 можеме слободно да речеме дека е во трендот на сегашните возила, односно дека е SUV креација, со погон на водородни горивни ќелии.

Потсетуваме, DeLorean ги претстави концептите минатиот месец, но засега нема информации за какви било планови за нивно развивање надвор од рендерите, односно дали некој од нив, некогаш, би можел да се најде на производните ленти.

Што се однесува до DeLorean кој всушност постои, Alpha5 е создаден во соработка со Italdesign и има целосно функционални големи галебови крилја (gullwing) врати.

Неговиот електричен погон му овозможува фантастични перформанси: односно, да забрзува од 0 до 100 km/h за нешто повеќе од 3 секунди и да постигнува максимална брзина од 250 km/h.

Овој атрактивен модел во конструкција со четири седишта има погон на четири тркала, капацитет на батеријата од 100 kWh и автономија на возење со едно полнење на батериите од 483 километри.

Од DeLorean најавија дека ќе произведат само 88 примероци од автомобилот, а цената сè уште не е позната.

Како и да е, ако се` се одвива според планираното, се очекува продажбата да започне во 2024 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Истражувањето на Alfa Romeo покажа дека нивните клиенти не сакаат огромни екрани

Знаете ли колку чини просечната Dacia, продадена во Европа?!

General Motors не може да ја задоволи големата побарувачка

Lexus најавува нов електричен концепт

Volkswagen ќе увезува и продава возила Bugatti и Rimac во Америка

Британците решија да изградат тунел вреден 2,2 милијарди евра во близина на Стоунхенџ

Impul Nissan Z

Обновен MG5

Драматичен пад на цените на половните електрични автомобили