Delta4x4 Tesla Model Y

Германскиот тјунер Delta4x4 има нова креација, Tesla Model Y подготвен за активности надвор од патот.

Овде, Delta4x4 ја модифицираше суспензијата, ја прошири патеката на тркалата, додаде пошироки браници, како и тркала од 20 инчи со гуми Continental Cross Contact ATR 265/45R20.

Сè на сè, растојанието од подлогата сега е зголемено на  22 см.

Покрај тоа, Tesla Model Y доби багажник за покрив со лопата, канистри за вода и резервно тркало.

Delta4x4 исто така постави четири PIAA LED светла на предниот браник.

Што се однесува до некои цени, во Германија Delta4x4 наплаќа 900 евра за подигање на суспензијата. Комплет тркала и гуми започнува од 4.500 евра, а багажникот на покривот е 2.900 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Оваа Testa Rossa чини „само“ 93.000 евра

Електрична трансформација на луксузниот олдтајмер

Шампионскиот болид на Шумахер од 2000-та на аукција во Април

Samsung претстави мобилен за вљубениците во BMW

Европска премиера на Peugeot Inception Concept и уметничка соработка со дизајнерот Emeric Tchatchoua, основач на 3.Paradis

Jeep Wrangler Rubicon 20th Anniversary Edition

Alfa Romeo одбележува 100 години нa Quadrifoglio брендот

Mercedes- Maybach S 580 e

Renault Clio: историја во бројки и слики