Спектакл: Денови на Abarth 2019 – 70-годишнина на црвената скорпија

До најочекуваниот настан почнува денес -најголемиот собир во Европа ќе се одржи на пети и шести октомври, во Милано, кога се прославуваат 70 години од основањето на брендот Abarth…

Деновите на  Abartha за 2019 година е содржајен, a настанот  се одржува во иновацискиот дистрик на Милано (MIND): со тест возење на патека и на пат, возење на моделите Abarth 124 рели, изложба на современи и на класични автомобили, полигон за акробатски возачки вештини  и простор за играње на децата.

Денес во светот постојат 74 официјални клуба заедницата  на „Скорпии “ брои повеќе од 111.000 члена.

Интересните активности на општествените мрежи ја анимираат целата заедница на Скорпиите за време на овој настан.

Деновите на  Abarth 2019 најголемиот собир на Скорпијата во Европа се одржува првиот викенд во Октомвриво Милано, а учесниците  имаат можност да уживаат во ден преполн забава, возбуди и адреналин во најдобриот стил на Abarth каде се собрани многумина заедно да го одбележат 70-от роденден на марката со значка на Скорпија.

Сместен во футуристичкиот иновациски дистрикт на Милано  (новиот MIND), дводневниот настан ќе биде преполн со случки. Учесниците ќе одат на тест возење на тркачка патека и на патиштата со своите Abarth автомобили или со тест возачите на брендот Abarth.

Адреналинот ќе блика низ вените за време на возењето во со возачко седиште на надградени модели 124 Rally.

Ќе биде организирана и изложба на современи и на класични автомобили каде присутните ќе можат да ги откријат тајните на овие автомобили и да ги видат моделите што ја одбележале историјата на брендот, пак со помош на експертите на компанијата и на Брендот Abarth.

На посебен полигон каскадерите со своите бравурозни изведби со екстремни трикови на BMX велосипедите ќе ја забавуваат публиката, a покрај тоа ќе биде подготвен и простор за игра, како за децата така и за возрасните. Тоа не е се бидејќи се подготвува големо изненадување за сите вљубеници во брендот.

Целта да се надмине минатогодишниот рекорд од 4.000 фанови и над 3.000 тест возења. Сите информации за настанот може да се најдат на интернет сајтот: https://www.abarth.com/scorpionship/eventi/abarth-day-2019

Една од главните новости секако е спектакуларната патека долга околу три километри, изградена во новиот Парк за наука, знаење и иновации e (Science, Knowledge and Innovation Park), со низа прави сегменти на патеката, свиоци и остри свиоци за тестирање на по традиција одличната контрола и перформанси на сите Abarth автомобили.

Ќе биде тоа можност што не се пропушта за тие што ќе одлучат да учествуваат во манифестацијата со сопствен модел на Abarth (картите може да се купат преку интернет) и сите што сакаат да пробаат некој од новите автомобили во серијата  Abarth „70th Anniversary“  или да го почувствуваат возбудливиот 124 рели седејќи крај професионален возач, посетителите можат да се испробаат како со возачи што е клучна улга на рели трките. Седејќи на совозачко место со вистински рели возач зад воланот, за да ги почувствуваат перформансите на моќниот Abarth 124 Rally модел што освоил FIA R-GT CUP шампионатов веќе втора година по ред.

Во вториот дел на Денот на Abarth 2019 инструкторите за возење на je Abarth ги учат учесниците како да го контролираат автомобилот при нагли губења на тракција на задната оска во потполно безбедни, посебно опремени автомобили за пролизнување.

Во делот за забава посетителите можат да користат симулатори за возење,  да се предизвикуваат помеѓу себе на трки со  Abarth автомобил со далечинско управување и да ги погледнат акробатските манифестации Bike Trial, BMX Flatland како и „паркур настап“.

Сето тоа проследено со музика на која тешко може да се одолее, брза – улична храна (fast-street food) како и штандови со акцесоариси – избрани додатоци за автомобили од серијата Abarth Authentic Accessories powered by Mopar.

Секако, класичните автомобили со значка на Скорпијата ќе бидат таму за да го потенцираат значењето на заедничката нишка што го поврзува минатото и сегашноста на брендот.

Накусо главен актер на настанот се автомобилите Abarth, стари и нови, на кои ќе им се восхитуваме или ќе ги возиме на тест на пат или патека со бројни активности наменети на љубителите од сите возрасти. Влезниците за настанот се со различни цени, почнувајќи од 10 евра  (повеќе информации и резервации на: https://www.abarthday.com/en/event

Победничкиот и возбудлив формат ќе ги исполни членовите на Abarth заедницата што постојано се зголемува. Денес постојат 74 официјални клуба (+ 80% од  2016 година до денес), од кои 37 во Италија со над 5.000 члена. Секако,  Abarth клубовите ќе имаат места за состаноци за своите членови и ќе можат да допрат до своите посетители кои се уште не стасале на настанот Денови на Abarth 2019.

Страста кон брендот со знак на Скорпија е тоа што ги собира сите нив и заедничките склоности што ја задвижува „Скорпија“ заедницата, што е активна три години на полето на EMEA регионот и брои над 111.000 членови.

Многу членови можат бесплатно да се пријават на сајтот https://www.abarth.com/scorpionship

Силната страст  опфаќа различни генерации купувачи, секогаш во духот на филозофијата на основачот, за да обезбедат максимални перформанси, мајсторска изработка на секој производ и постојано техничко усовршување.

Легендата за брендот започнала на 31март 1949 година кога Карло Абарт (Carlo Abarth) (1908-1979) ја основал компанијата Abarth & C. со возачот Гвидо Скаљарини (Guido Scagliarini).

Нивниот прв автомобил е  модел 204 A, што потекнува од Fiat 1100. Привлекле внимание на 10 април 1950 година кога Тацио Нуволари возел и победил на својата последна трка, Палермо- Монте Пелегрино. Од тогаш, историјата на Скорпијата избра еден мото-спорт и индустриски рекорд за друг, создавајќи единствен карактер  што0 Abarth автомобили го прави препознатлив на прв поглед на улица. Истите особини денес  може да се најдат во семејството што ја слави „70 годишнината“ , моделите Abarth 595 и Abarth 124, што однадвор се издвојуваат  со посебно лого што ќе ги прави единствени и ексклузивни, a извонредниот модел  595 esseesse, инспириран од легендарниот комплет за модифицирање од 1960-те години, покрај лимитираната серија на моделот Abarth 124 Rally Tribute направен во само 124 примероци, во слава на многубројните победи на моделот Abarth 124Rally од  2018 година.

Годинава, новиот тркачки Spider по втор пат едно по друго го освои европскиот GT шампионат една трка пред крај на сезоната.

Перформанси, забава и наследство

Деновите  Abarth 2019 се нај исчекуваниот настан за љубителите на Скорпијата ширум Европа, кои сакаат незаборавно искуство, но и да ја споделат својата љубов кон италијанскиот бренд. Уште многу други изненадувања ќе бидат откриени на настанот во Милано.

Abarth полни 70 години и по тој повод Abarth Days 2019, меѓународен собир на сите фанови на Abarth ќе ја прослави годишнината на Скорпијата, со издавање на комеморативна поштенска марка.

Марката го покажува официјалното лого на  70-ет годишнината и реализирана е од страна на Филателистичката и Нумизматичката канцеларија на Република Сан Марино.

Со тираж од 60.000 единици, со поединечна вредност од 1,60 евра, маркава претставува вистински колекционерски предмет што ја прикажува Скорпијата и карираното знаме како знак на бројни спортски победи на италијанскиот бренд.

Комеморативната марка претставува продолжение на серијата  признанија во слава на првите  70 години од постоењето на Скорпијата започнато со лансирање на асортиманот што ја одбележува прославата „70-ет годишнина “, Abarth 595 Esseesse, инспирирана со опремата за унапредување на перформансите од 1960 години, како и со лимитираното издание на Abarth 124 Rally Tribute што прославува освојување на бројни победи на релито Abarth 124 во минатата 2018 година.

Прославата на годишнината ќе кулминира на настанот Abarth Days 2019, најголемиот европски собир на Скорпијата закажано, потсетуваме за пети и шести овој месец (октомври) на футуристичкиот Milano Innovation District (MIND).

Учесниците кои пристигнуваат од цела Европа ќе имаат можност да живеат два дена во совршен Abarth стил: забава, возбудувања, адреналин, a покрај тоа ќе имаат и можност заедно да ј слават  70 годишнината на брендот.

Едно големо изненадување ги очекува сите љубители на италијанскиот спортски бренд.

Инаку сите информации поврзани со овој спектакуларен настан се достапни на веб сајтот:

https://www.abarth.it/scorpionship/eventi/abarth-day-2019

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Hyundai iMax N Drift Bus со повеќе од 400 КЅ!

Krugger FD- уникатен ретро автомобил со модерн стил и 760 КС

Супер автопат ќе ги поврзува Лондон и Њујорк, преку Москва

Обединетите Арапски Емирати со хипер автомобил Dragon

Alfa Romeo спонзор и на 1000 Miglia 2020

Паѓа последниот бастион на возачите: Autobahn со лимит 130 km/h!?

Првиот Lamborghini на струја Grand Tourer пристигнува 2025!?

Златан Ибрахимович за 38 роденден се почести со Ferrari Monza SP2

Mazda3 и со TCR варијанта со 350 КЅ