Детектори што препознаваат дали користите мобилен додека возите!

Овој систем за детекција се активира кога мобилниот телефон се користи без  Bluetooth уред…

Проблемот на неправилното користење на мобилните телефони додека возите, што може да резултира и со најтешки сообраќајни инциденти, e глобален.

Истражувањата покажуваат дека ризикот од судир се зголемува за четири пати кога се користи мобилен телефон додека се вози, a бидејќи во тој случај времето за реакција се намалува за 50 %.

Утврдено е и дека е двојно по веројатно дека до фаталниот судир може да дојде ако разменувата SMS пораки отколку гога возите во алкохолизирана состојба!.

Поради тоа во Англија е инсталиран првиот систем што може да открие дали во автомобилот се користи мобилен телефон без  hand free Bluetooth уред што на возачот му обезбедува и двете раце да му бидат слободни за возење, пренесува Sky News.

Кога уредот ќе открие дека мобилниот телефон се користи на тој начин ќесе активира симбол „ телефон“ на дисплејот покрај патот.

„ Технологијата може да открие кога се користи Bluetooth, но не може да открие дали телефонот без таа „помош“ го користат патниците, или, пак самиот возач.

Меѓутоа знакот ќе се активира во  секој случај и ќе го потсети возачот на пречењето на мобилниот телефон во текот на возењето “, изјавил гласноговорникот на британската полиција.

Иницијативата за инсталирање на спомнатиот систем е подржана од страна на една мајка која ја загубила својата ќерка во сообраќајна несреќа нога на автомобилот, во кој се наоѓала заедно со полубрачната и нивната мајка, налетал камион.

Сите четири патници во автомобилот загинале во сообраќајката.

Возачот на камионот во тој момент избирал песни на својот мобилен телефон. Поради тоа е осуден на 10 години затвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Романија, Бугарија и Србија повторно во трка да го привлечат VW

Освежен Volkswagen Passat -Best company car во 2019

Hyundai во нови технологии инвестира 35 милијарди долари

Од PЅА потврдија Peugeot Expert и Citroën Jumpy на струја!

Bentley го потврди стартот на производството на Flying Spur

Mitsubishi Motors го засилува темпото во Европа

Во 20204 VW со ЕV поевтино од 20 илјади евра!

Предупредување: ЕУ воведува посебни давачки за SUV модели!!!

Воениот напад на Турција ја запре одлуката на VW таму да гради фабрика