Деветкратниот победник на WRC покажа дека е претендент на круната во Dakar

Себастијан Леб ( Sebastian Loeb), го покажа вистинското лице на вториот ден на  Dakar и победи со што ја наметна кандидатурата за победник на Dakar Rally 2019

Вториот ден на  Dakar 2019 ги донесе првите вистински предизвици. На 342 km долгиот втор брзински испит од Писко ( Piscо) до Сан Хуан де Маркон (San Juan de Marcon), возејќи по песочни дини, најдобро се снајде Себастијан Леб (Sebastien Loeb), во својот Peugeot 3008 DKR, баги од 2017 година што го вози за приватниот  PH Sport тим.

Со само осум секунди зад Леб помина Нани Рома (Nani Roma) во фабричкиот X-raid Mini.

Третото место на провизорниот подиум го зазел возачот на тимот на Toyota Бернхард тен Бринке (Bernhard ten Brinke), кој водел во поголемиот дел, но на крајот заостана зад Французинот за една минута.

на Иако брзинскиот испит е возен по терени што бараат многу и од возилото и од возачот, заостанувањето помеѓу возачите се многу мали.

Втората Toyota Xilux, возена од Жинел де Вилиер ( Giniel de Villiers) стаса како четврта со помалку од две минути заостанување.

Победникот на првата етапа по многумина фаворит за освојување на годинешниот Dakara Ал- Атиах ( Al-Attiyah), возел како прв и имал многу проблеми, па во генералниот пласман сега падна на осмото место, засега.

Бранителот на титулата, Карлос Сајнц (Carlos Sainz) имал проблем со системите за пумпа и со пневматиците со две дупнати гуми, па се пласира на шестото место во генералниот пласман.

Прв посериозен инцидент имал возачот на X-raid Mini 4×4  Орландо Теранова (Orlando Terranova), кој поради болка во грбот со хеликоптер бил префрлен во болница.

Генерален пласман кај автомобилите по 2 дена нa Dakar Relly 2019

 

  1. Giniel de Villiers

          Dirk von Zitzewitz                Toyota            4h32m45s

      2. Bernhard ten Brinke     

          Xavier Panseri                      Toyota            28s

      3. Nani Roma

           Alex Haro                              Mini 4×4         42s

Во конкуренција на мотоцикли, вториот ден на Dakar 2019 беше во знакот на шампионот Матијас Валкнер (Matthias Walkner) на KTM, а неговиот најголем ривал беше Рики Брабек (Ricky Brabec) на Hondа.

На дури три контроли на минување помеѓу себе имаа растојание од помалку од 10 секунди.

Во еден период Брабек водел, но на крајот на специјалниот испит Валкнер, сепак, успеа да направи разлика од 22 секунди .

Баред (Barred), победникот од првиот ден ни целта поминал како трети така го задржа водството во генералниот пласман со  една минута и 31 секунда предност.

Генерален пласман кај мотоциклисти по вториот ден на Dakar 2019.

1.        Joan Barreda               Honda                        4h23m14s

2.        Matthias Walkner     KTM                             1m31s

3.        Ricky Brabec               Honda                1m33s

Во конкуренција на камиони Николаев( Nikolaev) ја задржа предноста и првоте место за Kamaz, но и Iveco е многу конкурентен па во моментов второпласираниот Жерард де Рој (Gerard De Rooy) во  Ivecо, заостанува само две минути и 39 секунди, додека на третата позиција се пласира втората посада на Kamaz со возачот Димитрије Сотник ( Dmitrie Sotnik) кој заостанува пет минути и 28 секунди за водечкиот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Opel се фокусира на рели со ADAM и следната Corsa

Возачите на Alfa Romeo Racing F1 Team

Sаubеr и Alfa Romeo продолжуваат заедно како Alfa Romeo racing

Volkswagen ID. R најави уривање на рекордот на Nürburgring зa EV!

Заврши Dakar 2019 победници Aл-Атијах, Прајс, Кавиљасо, Контардо и Николаев

Насер Ал-Атијах пред победата!?

Леб повторно победува и им се заканува на фабричките екипи

Dakar 2019 еден од тимовите на KAMZ дисквалификуван поради газење гледачи!

Brabham Automotive се враќа на 24 часа Ле Ман!