Дигиталната презентација на подновената ŠKODA KAROQ закажана за утре

Подгответе се да го запознаете редизајнираниот ŠKODA KAROQ на 30 ноември, кога ŠKODA AUTO ќе биде домаќин на дигитална медиумска презентација наречена „Лицата на KAROQ“ за да ја претстави освежената верзија на својот SUV модел со средна големина…

Настанот ќе започне во 10:00 часот по средноевропско време и ќе може да се погледне на ŠKODA Storyboard и на YouTube каналот на ŠKODA.

Инаку, KAROQ, кој беше вториот најпопуларен модел на брендот во 2020 година и во првите шест месеци од оваа година, претрпе некои визуелни и технолошки надградби.

Но повеќе за тоа ќе дознаеме утре -30 ноември во 10:00 часот по средноевропско време, а домаќинот на промоцијата ŠKODA AUTO ќе биде во можност да и покаже се што направенп на технички и визуелно надградениот ŠKODA KAROQ.

Потсетуваме лансирањето на „помладиот брат“ на моделот KODIAQ во 2017 година беше клучен чекор во ŠKODA SUV кампањата.

До денес, чешкиот производител на автомобили има произведено повеќе од половина милион примероци од моделот KAROQ.  Моделот стана дури и најпродаваниот SUV бренд и вториот најпопуларен модел на ŠKODA во минатата 2020 година и првата половина на тековната 2021.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои половни автомобили се најпопуларни на Стариот континент

Салонот во Детроит во Септември, а во Париз во Октомври годинава

Honda Civic Автомобил на годината во Северна Америка за 2022

Од 2030 година Mercedes нема да нуди каравани

SsangYong доби нов сопственик

Peugeot и дефинитивно се откажува од враќање на пазарот во САД

Непрофитабилните марки во Stellantis немаат светла иднина!

Кои половни автомобили се најдоверливи- по класи

И Bentley со рекордна година