Дигиталниот  BMW клуч достапен и за Android паметните телефони

Заедно со своите партнери, BMW продолжува да напредува со развојот и дистрибуцијата на дигитални клучеви…

Имено, дигиталниот клуч на BMW отсега ќе биде достапен за паметни телефони базирани на оперативниот систем Android. Со ова ажурирање се зголемува бројот на компатибилни модели на паметни телефони, а со тоа и бројот на возачи на BMW кои во иднина ќе можат да користат дигитален клуч.

Дигиталниот клуч на BMW сега е достапен за паметните телефони со Android оперативен систем, почнувајќи од серијата Samsung Galaxy S21 и Google Pixel 6 и 6 Pro.

Со дигитален клуч, клиентите можат лесно да го отклучат и заклучат своето BMW со едноставно држење на паметниот телефон до рачката на возачката врата. Моторот може да се вклучи и кога мобилниот телефон е сместен во преградата за безжично полнење.

За да се обезбеди максимална леснотија на користење и безбедност, дигиталниот клуч се става на безбеден елемент на паметниот телефон.

Може лесно да се конфигурира преку апликацијата и потоа е достапен како опција за речиси сите модели на BMW. Во следното издание ќе има опција клучот да може да се пренесе на пет пријатели (корисници).

Ултра широкиот опсег на функционалности на BMW Digital Key Plus ќе биде претставен и за паметните телефони со Android систем и во следните генерации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот Renault Austral ја открива својата елегантна и мускулна силуета

Opel продолжува со забрзана електрификација

Тоyotа за три години со солидни батерии во EV и хибридните возила

Батеријата на EV полнете ја до 90% од капацитетот – ќе биде подолговечна!

Нови Alfa Romeo Giulietta и Alfa Romeo GTV

Tesla Model S Plaid ја зголеми максималната брзина на 262 км/ч

Hyundai иднината ја замислува во симбиоза со роботи!

Тesla Model S со батерија од startup компанија со едно полнење минал 1.020км

И Sony ќе произведува електрични автомобили – Vision-S 02 concept