Директорот на Mercedes Benz лани заработил повеќе од шест милиони евра

Познато е дека извршните директори на водечките автомобилски компании заработуваат огромни примања на годишно рамниште, а сега тоа и го потврдуваме со оваа куса, а веруваме интересна информација за првиот човек на автомобилскиот џин од Штутгарт…

Имено, главниот извршен директор на Мерцедес, Ола Калениус (Ola Källenius), минатата 2022 година доби плата од милион во конвертибилна валута, се разбира, а згора на тоа и плус бонуси за добро деловно работење на Компанијата под негово раководство, со мала забелешка дека, сепак, неговата заработувачка лани била нешто помала одошто во 2021 година.

Како и да е Келенијус  минатата 2022 година го зголемил своето банковно конто за вкупно околу 6,11 милиони евра, објави во вторникот Mercedes, што е за триесетина илјади евра помалку од претходната година.

Фиксната плата му била 1,73 милиони, а варијаблите кои зависат од исполнувањето на целите биле 3,86 милиони евра.

Келенијус заработил значително повеќе од неговите колеги во менаџментот на компанијата.

Другите менаџери имале плата од 3,1-3,6 милиони евра, пренесува информативната агенција DPА.

Според податоците од Mercedes компанијата продала значително повеќе луксузни возила минатата 2022 година и ја зголеми својата заработка за една третина, на околу 14,8 милијарди евра, пред се поради зголемувањето на цените на своите автомобили.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вработени во Tesla скришум симнувале видео снимки од возилата и ги споделувале!

Opel Insignia со 66 литри дизел поминала 2095 км….

BMW Baby Racer

10 електрични половни автомобили на кои најбрзо им паѓа вредноста

Продажбата на автомобили со батерии во Германија повторно силна, но не и на хибриди

Нешто за рубриката „невозможна мисија“

Oд најгрдиот автомобил на светот направиле тркачки болид од 1300 КС

Електричната Mercedes Benz G Class е незапирлива

„Анонимец“ во Шпанија ги надмина Alfa Romeо, Hondа и Suzik…