Дизајнер од Русија вкрстил Lada Niva и Mercedes G Class

Авторот на концептот го нарекол овој хибрид од возило G-Niva 2020…

Независниот дизајнер Александар Исајев го претстави своето видување за идната модификација на моделот Lada 4×4.

Тој го вкрстил концептот од популарното теренско возило од Русија 4×4 Vision од 2018 година, со стилот на култниот премиум теренец од Германија Mercedes-Benca G-класа.

Според зборовите на авторот на дизајнот, двата модела, и 4×4 и „Gelendvagen”, го задржале својот првобитен изглед и препознатливите црти.

Тој само ги поврзал во една целина и својот концепт го нарекол едноставно  G-Niva 2020. Виртуелното теренско возило со себе иманентно носи низа на дизајнерски специфичности.

Помеѓу другото тоа се однесува на вратите без рамки и делумно подвижен покрив. Од престижниот Gelendvagen ги зел лаковите над тркалата и трепкачите со карактеристичен дизајн, како и масивната хауба и големи фелни со пневматици со низок профил.

Притоа кај G-Niva 2020 може да се препознае и класичната Lada 4×4 од која Исајев го позајмил дизајнот на вратата на багажникот како и управувачот.

Инаку оваа креација G-Niva 2020 постои само во форма на компјутерска графика, па така оваа навистина интересна замисла – комбинација не треба да се очекува во линијата на модели што ќе излезат од погоните на рускиот производител на возила „AvtoVAZ”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Екстремна заштита: Блиндирана G Class што ниту 13 кг. TNT не и можат ништо

Одложено пристигнувањето на Ford Mustang Mach-E во Европа

Новата Mokka: Opel се фокусира на плочките со имињата на моделите

Nissan го лансира специјалниот GT-R50 Italdesign вреден над милион долари !

Alfa Romeo 8C 2300 тркачка икона што знаела само за победи на жешките патеки!

Ралф Шумахер за свој нов автомобил ја избрал Lada Niva

Bentley Bacalar во бои на виножито!

Видео: Porsche 911 Turbo S забрзува до 100 km/h за 1,9 секунди

Полиција прекинала улична трка и уапсила 44 учесници- луда и опаснасна забава во време на пандемијата!