Дизел горивото поевтино, цената на бензините иста!

Со својата најнова одлука за малопродажните цени на горивата во нашата земја од полноќ ќе се точи поевтин дизел, а бензините ќе ја задржат цената од претходната недела…

Според методологијата за утврдување на цените на нафтените деривати кај нас, Регулаторната комисија за енергетика одлучи да ја намали цената за 1,03 проценти во однос на минатата недела, односно да го поевтини дизелот, а цената на бензинот останува иста.

Изразено конкретно во денари тоа значи намалување на цената на дизелот за 1,50 денари за литар во однос на цената што важеше минатите седум дена, а малопродажните цени на бензините останува иста.

Имено од ноќеска на полноќ Еуродизел ќе чини 66,50 денари по литар, а Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 ќе се продаваат по цена од 75, односно 77 денари за литар гориво.

Од РКЕ истакнуваат дека во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување кај бензинот за 1,5%,  а кај дизелот за 4,2 %

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Автомобил на годината за 2022: новиот PEUGEOT 308 – финалист

Италија не ска да ги забрани моторите со внатрешно согорување од 2035

Отповик во Maserati –Можно протекување на гориво и пожар!

Познати финалистите во Изворот „Автомобил на годината во Европа“ за 2022

Во наредните 7 дена пониска цена на бензините, дизелот без промени

Дигиталната презентација на подновената ŠKODA KAROQ закажана за утре

Русија со акцизи за еко- горива налик на тие за за нафтени деривати

Владата на Јапонија со финансиска поддршка за производителите на чипови

Офанзива на Alfa Romeo во наредниот период