Дизел горивото со нова цена а бензините остануваат со актуелните

Со најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика за малопродажните цени дизел горивото поевтини а цената на бензините остана иста…

Согласно методологијата за утврдување на цените на нафтените деривати во нашата земја, Регулаторната комисија за енергетика одлучи да ја намали цената за 1,38 отсто во однос на претходната одлука.

Имено, РКЕ одлучи да го поевтини дизелот, а цената на бензините останува иста.

Во конкретни бројки тоа значи намалување на цената на дизелот за три денари за литар во однос на претходната, додека малопродажните цени на бензините остануваат непроменети.

Тоа значи дека од вечерва на полноќ Еуродизелот ќе се точи по цена од 92 денари за литар, а Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 ќе се продаваат по иста цена, односно 84,50 денари за „95“. и 87 денари за секој литар „98“.

Од РКЕ посочуваат дека во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи бележат просечен пораст на цената на бензините за 1,8 отсто, односно намалување на дизелот за речиси четири отсто.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Купувачите од САД најзадоволни од технолошките новини кај Genesis

Изменето логото на Citroen

Кинескиот BYD размислува за производство на електрични автомобили во Европа

Honda во септември го намали производството за 40%

Фалсификувани автомобилски делови-измама опасна по живот

Цената на бензините оди надолу а на дизелот нагоре!

R5 TURBO 3E ја освои ја освои наградата на публиката на натпреварот „Уметност елеганција 2022 “ во Шантили

Ferrari Purosangue затрупан со идеи

Голем интерес за електричен VW ID. Buzz