Малопродажната цена на дизелот во однос на претходната одлука на Регулаторот е повисока за 1,5 денар по литар…
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ги утврди новите малопродажни цени на горивата ширум пумпите во нашата земја, дизелот поскапува, бензинот без промени
Согласно методологијата за утврдување на цените на нафтените деривати кај нас, Регулаторната комисија за енергетика одлучи да ја зголеми цената за 0,40 проценти во однос на последната одлука која беше донесена минатата недела.
Конкретно, РКЕ реши да го поскапи дизелот, додека цената на бензините остануваат непроменети , па така цената на дизелот „оди“ за 1,50 денари за литар горе во однос на претходно, додека малопродажните цени на бензините остануваат исти.
Така Еуродизелот се точи по цена од 95,50 денари по литар, а толку чини и ЕуроСупер Б-95, додека Еуросупер БС-98 се продава по цена од 98 денари за литар гориво.
Од РКЕ истакнуваат дека во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување кај бензинот за 0,34 проценти, додека кај дизелот има зголемување за 1,33 проценти.