До 2025 година VW ветува 36.000 полначи за EV на просторот на Европа!

Преодот кон електричната мобилност е нешто што не може да се случи „преку ноќ“ бидејќи за тоа се потребни време, многу пари, квалификувани работници,  логистика, односно неопходна инфраструктура  со еден збор огромни ресурси што е добро позната на автомобилскиот гигант од Волфсбург ….

Како и да е, најголемиот производител на автомобили во Европа сака, на секој можен начин, да ја забрза трансформацијата кон електричната мобилност.

Првиот чекот на таа трансформација е производството на електричните возила која се брои во милиони единици.

Секако сето тоа мора да биде проследено и со адекватни вложувања во потребната инфраструктура.

Имено, што ако имате голем број на електрични возила ако немате места на кои тие би можеле да ги полнат и да ги надополнуваат батериите кои ја обезбедуваат погонската енергија.

Токму поради тоа VW групацијата планира до 2025 година на подрачјето на Стариот континент да инсталира повеќе од 36.000 полначи за електрични автомобили.

Од наведените 36.000 полначи, дури 11.000 ќе бидат создадени во самиот Volkswagen.

Тие полначи ќе бидат инсталирани во погоните на производителот на автомобили од Германија, но исто така и во салоните на овој бренд, во големите градови, а за  да успее во оваа негова мисија, Volkwagen ќе инвестира околу  250 милиони евра.

За почеток, Volkswagen  ќе инсталира околу 4.000 полначи за вработените во компанијата , a голем дел од тие полначи ќе бидат достапни и на пошироката јавност.

Според плановите на Компанијата, до 2020 година би требало да бидат инсталирани околу  2.400 полначи на батерии и тоа на поважните патишта и на авто – патишта  ширум Европа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дузина (12) автомобили на новиот Euro NCAP crash тест

Аутомакедонија со зимски сервис по супер поволни услови!

Екологија и Renault од пластични шишиња до нов ентериер!

Ексклузивно: Новиот Mercedes-Benz Actros – Камион на годината за 2020

За еколошко и поекономично возење авт- плин во  „Аутомакедонија“

ZF и Danfoss партнери во развој на е-погони

Citroën  Jumpy: прв модел подготвен за електрификација

Peugeot товарна гама: „Од професионалци за професионалци“

Hyundai HDC-6 Neptune Concept со горивни ќелии