До 2026 година Lada ќе пласира 10 нови модели

Руската автомобилска марка најави општа офанзива и тоа на сите фронтови без пардон ….

AvtoVAZ објави амбициозен план според кој Lada  ќе претстави дури десет нови модели до 2026 година. Не може да се очекуваат нови премиери за оваа година, освен тоа што Chevrolet Niva треба повторно да стане Lada Niva.

Стратегијата предвидува лансирање на пет нови модели и два рестилизирани автомобили до крајот на 2022 година, што се чини дека е прилично краток период. Потоа, во периодот од 2023 до 2026 година, ќе бидат претставени уште пет нови модели, како и пет постојни возила што ќе се рестилизираат.

Што точно планира да претстави Lada? Руските медиуми немаат „доверливи” информации, но имаат одредени претпоставки. Првата е дека соработката со Renault ќе се засили и платформата и единиците ќе бидат преземени од Французите.

Се верува дека наскоро ќе имаме можност да видиме ажурирани модели како што се Vestа и Largus. Потоа  новата Granta новата ќе ја преземе архитектурата на Renault, додека Lada Van Лада треба да биде само препакувана Dacia Dokker.

И новата генерација на легендарната Ladа 4×4 треба да се заснова на популарната Daciа Duster.

Сепак, не се најавени само новитетите во однос на моделите, рускиот производител сака да инвестира значителни финансиски ресурси во модернизацијата на возилата.

Така, се планира дополнително да се подобри погонот на сите тркала, потоа да се работи на поефикасни мотори, но и усвојување на напредни технологии како активни системи за безбедност.

Покрај овие полиња, Lada  сака нејзините модели да имаат многу помодерна кабина со поголема удобност, а за да ги направат своите модели привлечни за младите клиенти, се планира имплементација на модерен информативно забавни системи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија – Преполни плацови со нови возила купувачите претпазливи

На глобално ниво Renault отпушта 15.000 работници!

Пазарот во Германија полека заздравува

Пресврт: РКЕ со одлука за поевтинување на горивата од полноќ!

Продолжува окрупнувањето во авто- индустријата: Алијанската меѓу Ford и Volkswagen се официјализира

Datsun redi-GO facelift

Најавена новата Nissan Frontier

Еуроимпекс во партнерство со меѓународниот проект во рамките на програмата  „Еразмус +“

Извозната агенција на Италија одобри заем за Fiat Chrysler