Добро е да го вклучите клима уредот и во есен и во зима

Клучната улога на клима уредот е да ја намали влажноста во кабината на возилото, а со тоа и развојот на габи и бактерии во таа област, велат експертите…

Ние ги поврзуваме клима уредите во автомобилите со летните месеци, односно без нив ќе биде тешко да се преживее сè поопасната и долготрајната жештина.

 

Сепак, клима уредоте во автомобилите имаат важна функција и во есен и во зима.

Со нивна помош ќе ги исчистите со магла прекриени прозорци во автомобилот, што е важно за безбедноста во сообраќајот.

Исто така, клучната улога на клима уредите е во намалување на влажноста во кабината на возилото, а со тоа и развој на габи и бактерии во областа. Вклучувањето на климатизацијата за време на есенските и зимските месеци е исто така важно за „здравјето“ на самиот апарат – циркулацијата на гас и масло што ги подмачкува компонентите за климатизација. Така ќе спречите сушење и пукање на заптивките и гумените делови, а во исто време подвижните делови на клима уредот ќе бидат подмачкани.

Вклучете го клима уредот од време на време кога влегувате во возилото!

Но, бидете внимателни, кога надворешните температури паѓаат под пет степени, не вклучувајте климатизација.

Кај повеќето нови автомобили, активирањето на клима уредите при ниски температури автоматски се блокира бидејќи постои ризик од ширење и замрзнување на водата во системот.

Новите автомобили генерално имаат вграден сензор за температура кој не дозволува климатизација да работи на ниски температури.

Кај постарите автомобили, тој сензор ќе мора да бидете вие.

Значи, сè додека надворешната температура е до пет степени, користете го клима уредот во автомобилот – неколку минути ќе бидат доволни.

Тоа е од голема важност како за вашето здравје, така и за „здравјето“ на клима

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Автомобили со мала потрошувачка на гориво

Поплавени над 200.000 автомобили, купувачите би можеле да бидат измамени

Поради конструкциска грешка отпаѓаат делови од Tesla Model 3!

Есенско возење – подгответе се за сезоната на дождови

Миење на моторот може да донесе повеќе штета одошто корист

Peugeot 108 и Citroen C1 веќе не се произведуваат

Производители на гуми што подобро да не се ваш избор

Total ја купува најголемата мрежа електрични полначи во Лондон!

Кои автомобили најчесто се расипуваат, дизел, бензински, хибридни, plug-in хибриди