Доделени наградите „Автомобил на годината во Македонија“ за 2019-та

На свеченост што се одржа во хотелот „Александар Палас“ во Скопје вчеравечер беа доделени наградите од изборот на „Автомобил на годината во Македонија за 2019“.

Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ годинава по 24. пат го одржува изборот кој е најстарата манифестација од ваков вид во Македонија.

Покрај наградата „Автомобил на годината во Македонија“ доделени беа и признанијата за „СУВ на годината“ и „признанието Томислав Биљарац“ за  посебни придонеси и резултати во автомобилската индустрија .

По анализите на сите својства на возилата кои беа избрани како финалисти и по практичното запознавање со возните карактеристики, членовите на Националното жири за Избор на Автомобил на годината во Македонија, титулата ја додели на моделот Ford Focus.

“Според мислењето на Националното стручно жири, возните својства, современата палета на Euro 6d Temp мотори, високото ниво на основна опрема и одличната изработка, беа областите во кои Ford Focus беше оценет со највисоки оценки освојувајќи така вкупно 69 поени.

Тоа беше доволно да ја освои престижната титула пред останатите финалисти, изјави Горан Антевски, претседателот на Националното Жири за Избор на автомобил на годината во Македонија.

Од моделите пристигнати на македонскиот пазар помеѓу двата избора, Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ согласно Правилникот за работа и критериумите на изборот, одреди пет (5) финалисти кои годинава рамноправно конкурираа за престижната титула „Автомобил на годината во Македонија за 2019“.

Листа на финалисти ја сочинуваа:

Kia Ceed

Citroen C5 Aircross

Opel Grandland X

Ford Focus

Volvo XC40

Признанието „СУВ на годината“ му припадна на новиот француски адут во сегментот- моделот Citroen C5 Aircross.

Националното Жири за Избор на автомобил на годината во Македонија годинава по вторпат го доделува и признанието „Томислав Биљарац“, во чест на доајенот на македонското автомобилско новинарство, основач и прв претседател на Националното жири за Избор за автомобил на годината во Македонија.

Наградата се доделува за посебни придонеси и резултати во автомобилската индустрија .

Одлуката на Националното Жири за избор на автомобил на годината во Македонија е признанието „Томислав Биљарац“ за 2019 година да му биде доделена на Стерули Бураку.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Kia со прва скица го најави скорешното доаѓање на crossover моделот X-Ceed

За враќање во САД Peugeot се фокусира на C и D сегментите

Заеднички проект на Karma и Pininfarina

Citroën со најубав штанд на салонот за автомобили во Женева 2019-та

Škoda во февруари продаде над 90.000 модели!

Opel се враќа во Русија

Сензација-Пристигнувањето на VW Golf 8 генерација одложено за март 2020-та!?

Volvo ја завршува приказната со дизел мотори

Ротацискиот мотор на Mazda се враќа со висок стил