Доделени првите енергетски ознаки за електричните автомобили

Британскиот Electrifying.com создаде нова листа наречена E-Rating, која за прв пат ги рангираше автомобилите според тоа колку ефикасно ја користат електричната енергија…

Целта на новиот метод на рејтинг е да им обезбеди на потрошувачите појасни податоци за тоа кои електрични автомобили се подобри за нивната банкарска сметка, пишуваат светските информативни агенции. Покрај тоа, во Обединетото Кралство има чувствителна разлика од приближно 585 евра во годишните трошоци за полнење меѓу најдобрите и најлошите автомобили.

Подредувањето дојде во вистинско време, бидејќи додека автомобилите со бензински и дизел мотори покажуваат точно колку трошат, не постои индустриски стандард што би им помогнал на возачите да ја разберат вкупната ефикасност на електричниот автомобил. Во овој случај избран е систем сличен на енергетските ознаки што се даваат за, на пример, машини за перење, или пак ладилниците, клима уредите во домаќинствата.

На пример, проценува колку добро електричната енергија се претвора во километри на патот, но и брзината со која може да се полни батеријата, како и дали автомобилот има функции за минимизирање на потрошувачката на енергија, како што се интелигентно враќање на енергијата од кочењето и контрола на работата на клима уредот.

Досега само автомобилите BMW i4 и Tesla Model 3 имаат добиено максимална оцена А ++.

Доказ дека скапите електрични возила не се секогаш подобри е Mercedes EQS кој чини повеќе од 100.000 евра и го има истиот рејтинг А + како и евтините, односно ценовно пристапните за широките маси електрични Citroen Ami, Renault Twizy или Seat Mii.

На самото дно на листата е Mercedes EQV како единствен патнички автомобил со најниска Е-класификација досега. Едвај подобро поминаа премиум електричните претставници Audi e-tron и Mercedes EQC со резултат од D ниво. Во оваа конотација ќе го спомнеме и електричниот хипер автомобил од овие Балкански простори – Rimac Nevera со оцена на ефикасност „C“ што исто така е на листата.

Е-оценки за електрични автомобили:

A++

Tesla Model 3

BMW i4

A+

Hyundai Ioniq

Citroën e-C4

Fiat 500e

Hyundai Kona Electric

Mercedes EQS

Kia EV6

Peugeot e208

Seat Mii

Tesla model Y

Opel Corsa-e

Citroën Ami

Volkswagen ID.3

Renault Twizy

Hyundai Ioniq 5

A

Audi Q4 e-tron

BMW iX3

DS3 Crossback

Ford Mustang Mach-e

Kia e-Niro

Kia Soul

Peugeot e2008

Renault Zoë

Škoda Enyaq

Smart ForTwo EQ

Tesla model S

Tesla model X

Opel Mokka

Volkswagen ID.4

 

B

Audi e-tron GT

BMW i3

Mercedes EQA

MG MG5 EV

MG ZS EV

Nissan Leaf

Polestar 2

Volvo XC40 Recharge

 

C

Honda e

Jaguar i-Pace

Lexus UX300e

Mazda MX-30

Porsche Taycan

Rimac Nevera

Citroen e-Spacetourer

Opel Vivaro-e

 

D

Audi e-tron

Mercedes EQC

 

E

Mercedes EQV

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот Renault Austral ја открива својата елегантна и мускулна силуета

Opel продолжува со забрзана електрификација

Тоyotа за три години со солидни батерии во EV и хибридните возила

Батеријата на EV полнете ја до 90% од капацитетот – ќе биде подолговечна!

Нови Alfa Romeo Giulietta и Alfa Romeo GTV

Tesla Model S Plaid ја зголеми максималната брзина на 262 км/ч

Hyundai иднината ја замислува во симбиоза со роботи!

Тesla Model S со батерија од startup компанија со едно полнење минал 1.020км

И Sony ќе произведува електрични автомобили – Vision-S 02 concept