Dodge Challenger и Chevrolet Camaro му гледаат во грб на Ford Mustang

Очекувано најбараниот, најпосакуваниот , автомобил во минатата 2019 година бил Ford Mustang, што на пазарите во САД е продаден во 72.489 примероци, за име на вистината со регистриран пад на побарувачката од 4,4% во однос на претходната 2018 –та…

На второ место според продажниот тираж се пласира моделот Dodge Challenger со 60.997 продадени примероци.
И тој автомобил доживеа пад на побарувачката во однос 2018, и тоа за 9%.

Сепак продажните резултати што ги постигнал Challenger се сметаат за успех, бидејќи тој модел се продава уште од 2009 година што значи една цела деценија.

Но, за разлика од него, многу помлад по „стаж“ на пазарот Chevrolet Camaro се продал во 48.265 единици, иако во текот на минатата 2019 беше рестилизиран и подновен, a на купувачите им била понудена и по пристапна верзија опремена со мотор со осум цилиндри поставени во форма на латинската буква V.

Изразено во проценти моделот, Camaro лани регистрирал пад на продажбата од 5,3% споредено со 2018 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

VW го смени шефот за развој на софтвери- Дојде како засилување, заминува како разочарување!

Jeep освои престижни награди со моделите Renegade, Wrangler и Grand Cherokee

Tesla атак со пониски цени и посилни полначи!

Горивата од полноќ повторно со повисоки цени

Uber ја купува апликацијата за достава на храна Postmates

Врачена наградата Автомобил на годината во Македонија за 2020 година и признанието СУВ на годината

Suzuki го повлекува Jimny од европскиот пазар

WEY Project 01

Kia Sorento Hybrid и официјално стартува со производство