Donkervoort D8 GTO-JD70 special BNCE edition

Претставен пред повеќе од еден месец, новиот Donkervoort D8 GTO-JD70 добива нов изглед со претставувањето на новата Bare Naked Carbon Edition (BNCE)…

Карбонската изработка на каросеријата на новиот Donkervoort D8 GTO-JD70 BNCE загуби неколку килограми од својата маса споредено со регуларниот модел, со што примерок од специјалната едиција тежи 700 кг.

Новата верзија на D8 GTO-JD70 BNCE е достапна во четири нивоа на опременост, со тоа што секое од нив ја остава на виделина карбонската „ткаенина“.

Купувачите како опција можат да изберат нивниот Donkervoort да биде финиширан во мат или сјајна боја.

Во изборот влегуваат зелена, црвена, сина, златна и сива боја, со стандардниот металик изглед.

Donkervoort D8 GTO-JD70, кој е направен во чест на 70-тиот роденден на основачот на компанијата Јуп Донкерворт, се напојува со 2,5-литарскиот турбо мотор со пет цилиндри, од Audi со моќност од 420 КС и 520 Nm максимален вртежен момент.

Моќноста се канализира на задните тркала преку пет степен мануелен менувач на брзини.

Забрзувањето од 0 до 100км/ч изнесува 2,7 секунди, односно 7,7 секунди за спринтот од 0 до 200 км/ч, а  максималната брзина на возилото е 280 км/ч.

Donkervoort D8 GTO-JD70 е првиот 2G продукциски автомобил на светот според холандската компанија, нудејќи максимално латерално забрзување со гравитациска сила од 2.05.

Цената за D8 GTO-JD70 BNCE се уште е непозната.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гаража во Токио место од соништа за вљубениците во Lamborghini

Maserati Ghibli Trofeo, Quattroporte Trofeo  и Levante Trofeo

Новиот Nissan GT-R пристигнува 2023  година со хибриден погон

Auto Bild го најавува Volkswagen Golf 8 Variant

Од млазен авионски мотор до куќичка за кампување!

Наскоро обновена Bentley Bentayga Speed

Lada 4×4 кампер

Volkswagen навести враќање на класичните модели, но со електричен погон

Кристијано Роналдо го купи најскапиот автомобил на светот Bugatti La Voiture Noire