Дополнителна опрема направена по мерка за Opel Astra и Astra Sports Tourer

  • Електрични: избор на додатоци за полнење за plug-in хибридните верзии – Стилски: декоративни сегменти на алуминиумските наплатки и надворешни ретровизори во боја на каросеријата -Средено и уредно: FlexConnect за внатрешноста -Практично: елегантни системи за товарање (за покривот и задниот дел) – Елегантно: приспособени облоги и патосници за багажниот простор

Новата Opel Astra и новата Opel Astra Sports Tourer не само што изгледаат спортски и самоуверено, тие се и многу практични. Тие се електрифицирани за прв пат како plug-in хибриди.

Во внатрешноста, cockpit-от ориентиран кон возачот со новиот Pure Panel им овозможува сосема ново емотивно искуство на клиентите. Подеднакво модерна е и оригиналната дополнителна опрема на Opel направена по мерка, со која може да се приспособи најновата генерација бестселери од компактна класа.

Тие ги прават Astra и Astra Sports Tourer уште постилски, индивидуални и пофлексибилни. Понудата на дополнителна опрема се движи од привлечни декоративни елементи и робусни системи за товарање до ефикасна безбедносна опрема. Возачите на plug-in хибридните верзии на Astra и Astra Sports Tourer се подготвени за сите опции благодарение на бројните додатоци за полнење на Opel.

Различни додатоци за полнење за Astra plug-in хибридните верзии

Opel има додатоци за полнење за plug-in хибридните верзии на Opel Astra и Astra Sports Tourer достапни за сите кои претпочитаат да возат локално без емисија на штетни гасови.

Понудата вклучува кабел за полнење Moд 3 и соодветна торба за складирање, како и универзален полнач со три адаптери во комплетот:

  • CEE-16 приклучок (3-фазен) за индустриски приклучоци (AC)
  • Тип EF приклучок за приклучоци за домаќинство
  • Тип 2 приклучок за јавни станици за полнење

Возачите на електричните верзии на моделот Astra се добро подготвени за сите опции за полнење, дури и кога патуваат.

Смел и елегантен дизајнерски израз

Opel Astra со пет врати и Astra Sports Tourer веќе се издвојуваат со нивниот смел и елегантен дизајн. Лицето на брендот Opel визирот беспрекорно ги интегрира врвните технологии како што е адаптивните Intelli-Lux LED® Pixel светла. Прогресивниот дизајнерски стил се повторува во внатрешноста со дигиталниот Pure Panel. Opel нуди бројни декоративни елементи за дополнително нагласување и прилагодување на изгледот. Палетата вклучува куќишта за внатрешните и надворешните ретровизори во карбонски изглед или во бојата на каросеријата на автомобилот; декоративните сегменти на алуминиумските наплатки во црвена, жолта, сина или сива боја привлекуваат дополнително внимание на тркалата.

Во патничкиот простор на Astra и Astra Sports Tourer, достапни се различни FlexConnect решенија за да ги одржуваат предметите на свое место и да го направат патувањето позабавно. Тие вклучуваат куки и закачалки за палто, како и држачи за таблети или масичка која се преклопува. Ова го олеснува гледањето филмови или канцелариската работа на задните седишта за време на патувањето. FlexConnect додатоците може да се прицврстат на основниот носач, кој е поставен на потпирачите за глава на предните седишта и повторно се отстранува со едно движење на раката.

 

Безбеден, сигурен транспорт на велосипеди и багаж, со системите за превоз на Opel

Opel има избор од различни системи за транспорт и превоз, за Astra со пет врати и Sports Tourer. Со различните кровни кутии на Opel, како и носачите за скии, сноуборд и велосипеди од партнерот на Opel, Thule, клиентите можат да уживаат во дополнителен простор за складирање. Спортската опрема може да се смести едноставно, без да се оштети и извалка, а пред сè да биде безбедна.

Доколку сакате да го одржувате багажникот кај Opel Astra Sports Tourer чист по планинарење или обиколка со велосипед низ шумата, постои практичен патосник за багажниот простор. Со високиот, стабилен раб и анти-лизгачката прекривка, патосницата не само што штити од нечистотија и влага, туку и го одржува багажникот уреден.

А со преградната решетка за товарниот простор, багажот или домашните миленици исто така ќе патуваат безбедно.

Предметите и багажот се спречуваат да се лизгаат во багажниот простор со еластичната мрежа.

 

Патосниците на прагот кај просторот за товарање за Astra и Astra Sports Tourer овозможуваат дополнителна заштита од гребнатини при товарење/истоварање.

Дополнителнa стилскa и практичнa дополнителна опрема за новата Opel Astra и Astra ST и многу други модели се достапни за нарачка преку Вашиот импортер Opel Македонија и дилерската мрежа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Audi планира да ги рециклира оштетените прозорци во нови во серијата Q4 e-tron

Нова Opel Astra Electric

Tesla Semi целосно натоварен сп еднополнење минал 800 км!

Низ сообраќајниците во Сеул почнале да сообраќаат автономни автобуси

Jeep Renegade станува потполно електричен во Европа

Ford и Volkswagen ги затвораат одделите за автономно возење

Alfa Romeo Giulia и Stelvio прескокнуваат хибридизација и директно одат на електрични наследници

Hyundai IONIQ 6 First Edition во серија од само 2.500 примероци

Audi патентира систем за автоматско гаснење на пожар во електричен автомобил