Drako GTE електричен супер автомобил

Новата американска компанија Drako Motors годинешното издание на настанот Quail Motorsports во САД го искористи на јавноста да и го покаже својот електричен супер автомобил – Drako GTE….

Според најавите Drako GTE ќе понуди исклучителни перформанси, a за тоа ќе се погрижат четири електрични мотори со вкупна моќност од 895 kW/1217KS и џиновски вртежен момент од 8800 Nm.

Во кусата информација нема податоци за автономијата на возење со едно полнење на батеријата со капацитет од 90 kWh, но затоа се знае дека ќе постигнува максимална брзина од 332 km/h.

Во прашање е автомобил со четири врати и четири седишта за чиј дизајн се погрижил Луи Вермерш  (Lowie Vermeersch) и неговиот GranStudio тим од Торино.

Во моментот уште се знае и дека GTE ќе биде произведен во ограничен број на примероци (само 25), по цена од 1,25 милиони американски долари по примерок.

Испораката до првите купувачи би требало да почне во текот на наредната 2020 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бил Гејтс си купи Porsche Taycan и го револтира Елон Маск!?

VW до 2023 ќе произведе електричн теренец во масови бројки!

Новиот SUV на Maserati ќе стаса во 2021 година

Lotus Elise посебна едиција за Австралија

Prophecy concept прв резултат на соработата на Hyundai и Rimac дебитира во Женева 2020

Dacia на струја може да стаса во наредните две години!

Пристигнува електричен pick-up Fisker Alaska!

Новиот Audi R8 добива хибриден погонски систем

Од Lamborghini најавен тркачи автомобил со V12 мотор