Извештајот на компанијата за анализа на пазарот iSeeCars.com покажува дека цените на половните електрични автомобили во САД драстично паѓаат…
Податоците покажуваат дека цените на половните електрични возила во минатата година паднале за речиси 30%. Фирмата ги анализираше трансакциите на повеќе од 1,8 милиони користени автомобили, стари една до пет години, помеѓу јуни 2022 и јуни 2023 година.
Цените на електричните возила моментално паѓаат речиси десет пати од просечната цена на половните возила, што одразува јасно поместување во понудата и побарувачката на електрични возила.
Аналитичарите особено ја посочуваат Tesla, која со неколкуте попусти на новите електрични автомобили влијаеше и на падот на цените на користените возила.
Со оглед на тоа што Tesla го сочинува најголемиот дел од пазарот на користени електрични возила, драматичниот пад ги погоди сите производители, пренесуваат специјализираните портали.
Табелата ги прикажува 10-те користени модели со најголем пад на цената во САД, а предничат електричните возила (шест од нив) и хибридите:
МОДЕЛ ПАД НА ЦЕНА
Tesla Model 3 -30,5%
Tesla Model X -21,3%
Nissan Leaf -19,2%
Tesla Model S -19,0%
Range Rover -18,5%
Range Rover Velar -17,5%
Land Rover Discovery -16,8%
Hyundai Ioniq Hybrid -16,2%
Jaguar E-Pace -16,2%
BMW Series 5 (PHEV) -15,5%