DS покажува како би можел да изгледа реинкарнацијата на летечкиот Citroen DS

Летечкиот Citroen DS се појави во филмот „Fantomas Unleashed“ од 1965 година во кој глуми Луи де Фјунес, а сега DS Automobiles објави официјален цртеж на својата замислена модерна верзија…

Сепак, овој цртеж не е наменет како најава за иден концепт или сериско возило. Наместо тоа, тој беше создаден за да го истакне отворањето на новата привремена изложба наречена „Во движење со Луи де Фјунес (Louis de Funès.)“, која ги слави сите иконски автомобили користени во филмовите на славниот актер.

Сепак, фактот што цртежот е создаден од DS Design Studio во Париз го прави доста интересен, како најнов пример на еволуираниот стилски јазик на производителот на автомобили.

Луксузниот модел на каросеријата Grand Tourer ги вклучува крилата и задниот спојлер на оригиналот, но сè друго е поинаку.

Предниот дел има долга хауба со LED предни светла и остар разделник под покриената табла  на маската со амблем DS.

Алуминиумските тркала со голем дијаметар и повеќе краци изгледаат како турбини, додека големината на вратите сугерира дека тие може да се отворат нагоре.

Тијери Метроз (Thierry Métroz), директор за дизајн во DS Automobiles, истакнува: „DS направи историја и надвор од автомобилската индустрија. Тој е дел од француското наследство и како таков зазема важно место во француската кинематографија.

Ние одговоривме на барањето на музејот Луј де Фјунес со дизајнирање на модерен DS во чест на Fantomas DS. Тимот за надворешен дизајн, предводен од Фредерик Собиру (Frédéric Soubirou), го создаде цртежот“.

Летечкиот автомобил не беше единствениот DS што се појави во филмовите на Луј де Фјунес, па во музејот можеше да има повеќе класични убавици на четири тркала.

Меѓу експонатите ќе има вистински возила, постери, фотографии и реквизити од филмовите.

За заинтересираните, изложбата одржана во Музејот национален автомобил во Мулхаус (Musée National de l’Automobile in Mulhouse) останува отворена до 5 ноември тековната 2023 година. Ние може да препорачам дека вреди да се посети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

McLaren GT од MSO

Hennessey H850 Mustang

Ferrari Purosangue во размер 1:8 чини 15.000 евра

Уникатниот Koenigsegg CCGT GT1 Le Mans е продаден за 3,3 милиони фунти

Mercedes-AMG GLC 43 & Mercedes-AMG GLC 63 S E Performance

Czinger 21C V Max со 1.350 КС

Subaru го слави седумдесеттиот роденден

Fiat Ritmo: 45 години

Audi A4 Allroad Quattro Heritage Edition