DS претстави луксузен DS 7 Crossback Louvre Edition

Премиум брендот на РЅА – DS Automobiles, во соработка со Лувр музејот во Париз, креираше ексклузивна изведба на DS 7 Crossback со пригодна придавка Louvre, што за да ја потенцира ексклузивноста пристига во ограничена серија..

Од лансирањето на марката, во 2015 година, DS Automobiles претставуваше своевиден патрон на Лувр, најпосетениот и веројатно најпознатиот музеј во светот.

Со моделот DS 7 Crossback Louvre еdition, премиум производителот оддава почит на легендарниот музеј.

Првите особености на проектот се отчитуваат уште на екстериерот на возилото.

Со специјални „Louvre“ значки инкорпорирани суптилно на хаубата, предните врати и задниот дел.

Делот околу прозорците е нагласен со сјајна црна боја, исто како и шините на покривот и деталите околу задните светла.

На куќиштата од ретровизорите е забележлива ласерски изгравираната пирамидна шема, како парадигма на легендарната стаклена пирамида на влезот од музејот инаугурирана во 1989 година.

Модификациите на екстериерот завршуваат со сет на 20-инчни Alexandria тркала со двобоен финиш.

Шемите од култната пирамида на Лувр се пренесени и во внатрешноста каде што е суптилно прикажана од 3D слика на отворите за воздух, контролната табла и втиснато на капакот од централната преграда обложена во Nappa кожа.

Инаку, спектакуларниот тапацир од Black Basalt Nappa кожа се нуди како стандарден.

Највпечатливата поврзаност со Лувр е моментот кога се вклучува 12-инчниот централен екран на допир кој прикажува 182 ремек-дела од музејот. Интересно, секое ремек-дело пристигнува заедно со подкаст кој има за задача да го издигне познавањето на уметноста кај патниците.

Сопствениците на DS 7 Crossback Louvre исто така ќе добијат понуда и за Friends of the Louvre картичка која им овозможува неограничен пристап до перманентните колекции и на повремените изложби во Лувр.

DS 7 Crossback Louvre е поставен на Grand Chic спецификациите и DS Inspiration Opera Art Basalt Black.

Автомобилот може да се добие во четири бои: Ink Blue, Pearl Crystal, Perla Nera Black и Platinum Grey.

Опремен е и со погонски единици: два plug-in хибриди со 300, односно 225 КС, како и две бензински агргати со моќ од 180, односно 225 КС.

На крајот, иако дизел моторите се се повеќе и повеќе напаѓан, тука е и дизелската варијанта со 180 КС.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пет децении на брендот Range Rover

Fiat 500 Electric 3+1 со дополнителна трета врата

Hyundai i20 N и официјално

Уште еден автомобил на струја од Кина – NIO EE7

Се планира најмоќниот перформанс SUV на Баварците

Продолжен Bentley Bentayga LWB

Промовирани BMW X5 M и X6 M Competition First Edition

Од инсајдерски кругови протече цената на Dacia Spring Electric

Уловен новиот Porsche 911 GT3 RS