Ducati го произведе 350.000-от Monster

Тоа е прекрасен јубилеј на познатиот производител на моќни креации на две тркала од Апенинскиот полуостров…

Првиот Monster се појави во далечната 1993 година, а тогаш имаше малкумина кои веруваа дека овој модел ќе прерасне во „семејство“ на мотоцикли кои исто така ќе станат бестселери на Ducati со испорачани 350.000 примероци.

Јубилејниот примерок е Monster 1200 S Black on Black и му беше предадена на неговиот сопственик на специјална церемонија во седиштето на Ducati. Мотоциклот лично го предаде шефот на италијанската марка – Клаудио Доменикали.

„Од легендарниот Monster 600 што го отвори светот на Ducati на многу млади мотоциклисти, преку втората генерација со моделите 696 и 110 до најновите 797, 821 и 1200 Monster, е навистина огромен успех за нашата марка и компанија“, изјави првиот човек на Ducati, во таа пригода.

Доминикали ја потенцираше способноста на Monster да се менува со текот на времето, без да го изгуби својот идентитет.

„Тој напредуваше и еволуираше и од техничка и од естетска гледна точка“, рекол Доменикали.

Предадениот мотоцикл со себе „носи“ и  специјална плакета и потврда за автентичност дека станува збор за јубилеен примерок на овој модел на две тркала.

Инаку, Ducati ја претстави последната варијанта на Monster на крајот на претходната година.

Таа верзија користи мотор со работен волумен од 937 кубни сантиметри – Testastretta кој развива моќ од 111 КС.

Иако неодамна имаше гласини дека групацијата Volkswagen ќе го продаде Дуцати, што е „трач“ што се шири по кој знае кој пат, италијанската марка сепак и понатаму останува дел од групата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полицијата во Милано доби засилување на две тркала

Moto Guzzi со нови модели го слави 100-от роденден

EICMA ги објави датумите за 2021 година

Претставена MV Agusta Superveloce Alpine – во лимитирана серија

BMW електричен концепт со странична приколка

SYM EF3 претстави електричен скутер

Нова заедничка креација на Ducati и Lamborghini – Diavel 1260

Новиот BMW S1000R

BMW Motorrad Definition CE 04