Ducati Hypermotard 950 RVE

Aко го „меркате” новиот Ducati Hypermotard 950, италијанскиот производител има уште попривлечна понуда за вас!!!

Имено, Ducati само што најави нова варијанта во форма на модел наречен Ducati Hypermotard 950 RVE.

Таа верзија привлече големо внимание кога концептниот модел беше прикажан за време на минатогодишното издание на престижниот настан на Concorso d’Eleganza Villa d’Este.

Hypermotard 950 RVE пристигнува со нови „графити“ графики, додека самиот модел е заснован на варијанта на основните спецификации, со додавање на двонасочен quickshifter во стандардниот пакет, кој во оваа форма првично беше наменет само за варијантата SP.

RVE, сепак, нема алуминиумски Marchesini фелни, а ниту Ohlins суспензија.

Без оглед на тоа, RVE  е веќе ремек-дело само по себе, бидејќи е користена нова методологија на боење и го обучија персоналот да ја заврши работата на со највисоко ниво на квалитет.

Сèуште е придвижуван од v-tvin Testastretta мотор, со волумен од 937 кубни сантиметри, кој произведува 114 КС и 96 Nm вртежен момент.

Опремено е и со најсовремена електроника Ducati како што се режими за возење, режими на напојување, а има и Bosch ABS EVO, контрола на пролизнување на Ducati …

Ducati Hypermotard 950 RVE ќе чини 13.500 евра во Италија, што е само 750 € повеќе од основниот модел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Suzuki подготвува хибридни мотоцикли!

Мотоцикл без звук ќе јури повеќе од 330 км/ч

Мотоциклите на BMW со адаптивен темпомат

Првиот Aston Martin AMB 001 мотоцикл тестиран на тркачка патека

Brixton Crossfire 500

Ducati Superleggera V4 и официјално стартува со производство

Vespa 946 Christian Dior – родена е новата икона!

MV Agusta планира нов F4

Harley-Davidson Country Cruiser – мотоцикл со две задни тркала