Ducati отворен за развој на мали електрични мотоцикли

Ducati  откри дека е отворена за идејата за развој на електрични возила со мал капацитет. ..

И покрај тоа што е последен од главните европски брендови што влезе на овој пазар, шефот за продажба и маркетинг на италијанската компанија, Марко Бионди (Marco Biondi), навести заинтересираност на компанијата за производство на електрични мотоцикли во сегментот со помал капацитет.

Иако Ducati е познат по тоа што прави големи, моќни мотоцикли, компанијата признава дека има растечки пазар за машини со мал капацитет и економични мотоцикли.

Всушност, BMW, Triumph, KTM, MV Agusta, па дури и Harley-Davidson веќе се здружија со партнери за производство на електрични мотоцикли во овој сегмент.

За време на едно неодамнешно интервју, Бионди откри дека Ducati гледа потенцијал во одредени типови на електрични возила и дека компанијата на крајот може да ги изгради своите први електрични возила на две тркала.

Како што наведе, Ducati верува дека ќе има пазар за електрични мотоцикли со максимална моќност од 11 kW (15 КС) и 35 kW (47,5 КС).

Сепак, Бионди исто така предупреди дека тоа нема да се случи наскоро бидејќи зависи од тоа колку брзо се зголемува нивото на густина на батеријата. Тој додаде дека Ducati засега е првенствено фокусиран на MotoE, што и помага на компанијата да научи многу за електричната технологија.

Бидејќи Ducati размислува да влезе на пазарот на електрични мотоцикли со помал капацитет, компанијата е решена да ја задржи својата премиум позиција и основниот етос.

Бионди нагласи дека технологијата се уште не е тука и дека мотоциклите ќе мора да бидат со мала тежина и да имаат автономија од најмалку 250 километри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

MV Agusta Dragster RR SCS America

BMW CE 02

Suzuki GSX-S1000 Race Edition

Triumph Scrambler 400 X

Ducati Multistrada V2 S

Massimo Tamburini F43 Centenario

BMW R 1300 GS на 28 септември

Benda Napoleon ретро крстосувач

Нови Kawasaki Ninja ZX-6R