Ducati повторно на продажба

Уште една година, уште една приказна за наводна продажба на Ducati, овој пат, наводите сугерираат дека плановите се сериозни….

Имено, Volkswagen сака повеќе да му се посвети на електричниот транспортен сегмент, а Ducati, за жал, го нема на таа листа, која, патем, ги вклучува и Lamborghini и Bugatti.

Германскиот гигант сака двојно да ја зголеми својата вредност на 200 милијарди евра, а за да се постигне таа цел ќе треба да се направат неколку работи.

Како опции се споменуваат партнерства со нови технологии, преструктуирање, но и продажба на некои од членовите на Групацијата.

Ducati е главен кандидат за продажба веќе неколку години, но и покрај бројните гласини, тоа сè уште не се случило.

“Постојано го ревидираме нашето портфолио, особено поради промените што постојано се случуваат во индустријата. Размислуваме за бројни промени и трансформации и тогаш најчесто се поставува прашањето што сето тоа значи за одделни членови на групацијата Volkswagen”, рекол Херберт Дис, член на управниот одбор на гигантот. од Волфсбург.

Ducati минатата 2019 година продаде над 53.000 мотоцикли ширум светот, додека се повеќе купувачи (но и законски регулативи) бараат „позелени“ опции. Токму затоа Volkswagen овојпат може да се ослободи од италијанскиот производител.

Продажбата на една од најпрепознатливите марки на мотоцикли не звучи како паметен потег, но тоа може да биде точно билет на Volkswagen за поголема и попрофитабилна иднина.

Останува да видиме дали овојпат нешто навистина ќе се случи по тоа прашање, или е само уште една приказна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Volcon Grunt електрична of road машина на две тркала

Пристигнува нова Suzuki Hayabusa

Електричен мопед Segway eMoped C80

Kawasaki офанзива- во наредните месеци шест новитети

Benda LF-01 concept

Баварците го претставија првиот мотоцикл со М ознака

Novus- електричен мотоцикл со исклучително мала маса и висока цена

Italjet Dragster

Нов Peugeot Metropolis