Ducati пред производство на електричен мотоцикл

Веќе извесно време се зборува дека Ducati, наскоро, би можел да го направи својот прв електричен мотоцикл!

Приказните, нова димензија, добија, пред околу една година, кога Volkswagen ја претстави својата „Roadmap E“ иницијатива.

Идејата, зад иницијативата е едноставна: сите брендови во семејството на Volkswagen би требало до 2030 година да имаат линија на електрични модели. Љубителите на мотоцикли се особено „загреани“ да дознаат како тоа ќе се рефлектира на производителот на мотоцикли од Италија.

Од прилика еден месец, по објавувањето на иницијативата, извршниот директор на компанијата одговорен за Западна Европа, Едуар Лоте (Eduar Lote), изјавил дека во Ducati подготвуваат електричен мотоцикл и електричен скутер, но притоа истакнал дека истите нема да се појават пред производната 2021 година.

Многу чад се крена, неодамна, по изјавата на извршниот директор на италијанската марка, Клаудио Доменикали (Klaudio Domenikali), во која рекол дека „иднината е електрична“ и дека Ducati не е далеку од почетокот на производство на електрична макина на две тркала.

Следствено на тоа, првиот Ducati на струја би моќело да се појави во 2020, или во 2021 година.

Останува прашањето за кој тип на мотоцикл Ducati би можел да го  „електрифицира“.

 

Брендот нема модел со мал работен волумен (кубикажа) што би можел да се замени со електрична варијанта.

Секако повеќето поклоници на марката би сакале тоа да биде жестока машина каква е Harley-Davidson LiveWire моделот.

Едноставно, за таква изведба на две тркала би се согласиле и најтврдокорните поклоници на Duсati.

Но додека се разјасни целата ситуација ние можеме да уживаме во фотографиите од проектот на студентите од Универзитетот во Болоња, на кои Ducati им помогнал во работата.

Од друга страна во овој момент не постојат никакви информации за спецификациите што ги има студентскиот проект, за да можеме барем да шпекулираме каков би бил електричниот Ducati.

Но, мора да признаеме дека студентите понудиле интересен дизајн, бидејќи со себе носи (барем така се чини)  монкок шасија изработена од јаглеродни влакна.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сензационално – Првиот 3D мотоцикл целосно e веќе отпечатен!

Полицијата во Дубаи со мотоцикли што летаат!

Arc Vector електричен мотоцикл со Human Machine Interface за само 120.000 долари!

Нови BMW R 1250 R и RS претставени на EICMA 2018!

Ducati со нов Panigale V4 R

Електичен мотоцикл од Индија

Потпис на денот во Мото ГП – Крачлоу во главната улога