Линијата Scrambler на италијанската компанија Ducati, според сите сметки, треба да се освежи.
На настанот на Светската недела на Ducati во Мизан (World Ducati Week) имавме можност да го видиме, некако тајно.
За Ducati стана обичај да им открива некои од своите нови производи на своите најголеми фанови. Оваа година имаше ново издание на моделот Scrambler во „тајната соба“.
Иако беше разоткриен, има доволно камуфлажа за да сокрие се што има подготвено Ducati за неговата премиера, закажана за ноември и саемот EICMA во Милано.
Scrambler се рекламира како подбренд ориентиран кон помладите возачи, а неговиот стилски изглед влече корени од шеесетите години на минатиот век. Лансирана во 2015 година, оваа линија стана многу популарна меѓу својата целна група.
Моделот е достапен во варијанти од 803 и 1.079 кубика, а Ducati полека воведува „специјални изданија“ низ годините, па во моментов имаме осум мотоцикли во понуда.
За 2023 година Италијанците го поправаат основниот Scrambler на кој се базираат и останатите верзии. Сепак, за подетални информации и увид во оваа машина, ќе треба да почекаме малку.
Како и да е, италијанскиот портал Moto.it имаше поглед на машината претставена на настанот на Светската недела на Ducati. Ако им се верува, козметичките промени се сведени на минимум за да се зачува класичниот изглед на моделот Scrambler. Најголемите разлики се предните светла и седиштето, заедно со малку помодерниот изглед на таблата со инструменти и повеќе електронски додатоци.
Scrambler најверојатно ќе биде само една од многуте премиери на саемот EICMA, каде што Ducati ќе учествува за прв пат од 2019 година. Во текот на изминатите две години, компанијата се фокусираше на Интернет како начин за откривање нови возила на две тркала .