За да се подобри безбедноста на возачот, Ducati во соработката со компанијата Dainese претстави нов, револуционерен производ….
Станува збор за Ducati Smart Jacket, односно за елек без ракави со интегрирано D-air воздушно перниче.
Во случај на судир или каква било друга несреќа, елекот се надува низ целата своја површина, создавајќи штит околу телото на возачот и со тоа нуди исклучителен степен на заштита.
Според Ducati, елекот нуди заштита како седум заштитници за грб. Сепак, тоа не е обично парче облека. Smart Jacket во себе има електронска контролна единица, способна да „чита“ податоци 1.000 пати во секунда.
Електронската единица открива опасни ситуации, како што се пад, судир (удар во задниот дел), судир со паркирано возило или возило во движење и го активира воздушното перниче.
Елекот е достапен во машка и женска верзија, лесно се складира. Во него е инсталирана батерија со траење од 26 часа, до повторно полнење, а полнењето на истата е многу едноставно преку USB-портал.