Италијанците со децении ја негуваат страста на две тркала во која се втемелени бројни вредности, а што може да се дефинира во три збора кои најцелосно ги опишуваат нивните „огнени макини“ а тоа се : стил, софистициран и секако перформанси
Италијанците, повторно на совршен начин понудиле експресија на тркачкиот модел на Ducati и секако неговиот препознатлив DNK, сличен на тој каков што гледаме на тркачките натпреварувања.
Дизајниран за да обезбеди вистинска симфонија на емоции, благодарение на новиот концепт на изведбата: не замо забрзувањата, способностите за кочење и најдоброто временско постигнување во возењето туку и сигурност и едноставност при возењето, без оглед на нивото на искуството на јавачот на овој метален ат на две тркала.
Накусо, чист адреналински наплив но кој постојано е под контрола.
Изразено преку бројките тоа значи : моќ од- 221 KS распределени на маса од 172 kg.
Инаку, се очекува новиот Panigale на Ducati да пристигне во продажните салони на почетокот на наредната 2019 година…