Ducati Streetfighter V4 со повеќе од 200 КЅ

Останува помалку од една недела до премиерата на новиот Streetfighter V4 модел, a Ducati деновиве ги откри најинтересните детали кога станува збор за спецификациите на оваа италијанска „макина“…

Од Borgo Panigale на мораат премногу да се трудат за да предизвикаат интерес кај бајкерите за новиот нивни мотоцикл!

Едноставно доволно е само да се погледнат бројките.

Истите велат: Desmosedici Stradale агрегат со работен волумен од 1.103 кубни сантиметри, со 208 KS добиени при 12.750 в/мин, како и маса од неполни 178 kg, како и електронскиот пакет директно од Panigale V4 моделот.

Сето тоа новиот Streetfighter V4 ја прави одлична „улична“ машина!

Без сомнение Ducati сака да го потенцира фактот дека со тие спецификации  ќе ја „однесе“ конкуренцијата.

Ако се погледнат бројките, се забележува дека Streetfighter максималната сила ја добива на 250 вртежи помалку од својот „супер бајк“ пандан, со разлика од шест ( 6) KS.

Тоа значи дека уличните возачи ќе располагаат со поголем момент на вртежи одошто досега.

Кога станува збор за стилот, познавачите очекуваат да не се разликува од прототип изведбата претставена на Pikes peak, како и додека Streetfighter V4 и Panigale V4 ќе споделат многу атрибути.

Дел од сложувалката што засега недостасува е цената на новиот модел, а тоа, секако, е еден од клучните фактори, кога станува збор за неговата иднина односно успехот на пазарот.

Според предвидувањата на повеќето познавачи се очекува цената на новиот адут на два тркала од Италија да се движи околу 18.000 европски банкноти, што мора да се признае е висока сума, ,иако не и претерано „луда“ ако се спореди со таа на конкуренцијата.

Како и да е остануваат помалку од седум дека кога се ќе биде појасно, па така и ова прашање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Harley-Davidson custom од Грција – половинаа мотоцикл, половина мит

Piaggio MP3 скутерот добива активен аеродинамичен систем?

Akira concept на мотоцкил што просто ве остава без здив!

Honda ADV 150 пристига во Европа

Нови рендери на Bimota КВ4

Aprilia подготвува новTerra 250

Протекоа фотографии на новиот Benelli BN600i

Kawasaki EV Endeavor – електричен мотоцикл со мануелен пренос

Прв custom BMW R nineT со „Руска душа“