Дури 41% од возачите својот иден автомобил го гледаат како електричен

Резултатите од интересна студија откриваат дека голем број анкетираните повеќе сакаат да купат електрифицирано возило како нивен следен автомобил….

Според Carscoops EY испитал 9000 луѓе од 13 земји, вклучувајќи ги САД, Канада, Кина, Германија, Австралија, Сингапур и Нов Зеланд и ги прашал за погонот на нивниот следен автомобил. Oд анкетираните 41 % рекле дека сакаат електрифицирано возило (ЕV, хибриден или plug -in хибриден), но бројките варираат од земја до земја.

Во САД, 66 проценти од испитаниците изјавиле дека нивното следно возило ќе има мотор со внатрешно согорување, додека 28 проценти велат дека размислуваат за EV, хибриден или plug-in хибрид. Само 1 процент размислуваат за водородно возило, додека 4 проценти рекле дека не се сигурни и треба да размислат повеќе за изборот.

Во Австралија, 75 проценти изјавиле дека нивното следно возило ќе биде на бензин или дизел, додека само 17 проценти ќе одат по електрифицираната рута. Во Јужна Кореја, 51 процент изјавиле дека би купиле ЕV како следен автомобил, додека 32 проценти би се одлучиле за бензин или дизел.

Слично на тоа, 53 проценти од испитаниците од Сингапур размислуваат за некаква електрификација. Овие бројки претставуваат значителен скок од септември 2020 година кога EY спроведе слично истражување. Во тоа време, 30% од испитаниците рекле дека нивниот следен автомобил ќе биде електрифициран.

Една од причините за поголемиот интерес за електрифицирани возила е тоа што пандемијата од вирусите  КОВИД-19 ја зголеми еколошка свест на потрошувачите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Октански прстени.

Škoda станува марка на непушачи!

Наскоро Boldmen CR 4

Lada Niva Legend 50th Anniversary Limited Edition

Citroën Ami потврден и за пазарот во Велика Британија

Honda со online продажба на автомобили во Јапонија

Новиот управувач на Tesla на тест- Појави сериозни безбедносни ризици

Нова Honda BR-V со 7 седишта

До 2025 година сите Taxi возила во Виена ќе возат на струја!