Две децении Pagani Zonda C12 (1999- 2019) –приказната почна во Женева

Секој што има познавање за автомобилите славната италијанска марка на спортски автомобили ја позиционира во врвот на изборот на својата „гаража од сништа“

Потсетуваме пред точно 20 години ја откри првата Zonda C12 токму на салонот за автомобили во Женева.

За да го одбележи јубилејот, Италијанците се потрудија автомобилот со реден број 001 да го вратат таму каде и започна оваа успешна приказна.

Супер моќниот Pagani Zonda C12, hyper car  е пред своето време и денес е поим за совршенство во механиката, a доаѓа со агрегат со работен волумен од шест литри на Mercedes со 12 цилиндри, поставени во форма на латинската буква V со моќ од 450 KS.

Интересен податок е дека Zonda првично требала да се вика Fangio F1, во чест на великанот од Formulа 1 –  Хуан Mануел Фанџо (Juan Manuel Fangiо), за подоцна одлуката да гласи – Zonda име што во светот на автомобилизмот доби митско значење  (инаку името означува ветер, поточно тоа е локален израз за воздушните струења над Аргентина).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Kia со прва скица го најави скорешното доаѓање на crossover моделот X-Ceed

За враќање во САД Peugeot се фокусира на C и D сегментите

Заеднички проект на Karma и Pininfarina

Citroën со најубав штанд на салонот за автомобили во Женева 2019-та

Škoda во февруари продаде над 90.000 модели!

Opel се враќа во Русија

Доделени наградите „Автомобил на годината во Македонија“ за 2019-та

Сензација-Пристигнувањето на VW Golf 8 генерација одложено за март 2020-та!?

Volvo ја завршува приказната со дизел мотори