Две новини на Ford на нашиот пазар

Во салонот на Ford во Скопје деновиве пристигна  седан изведбата на хитот и новитетот во компактната класа Focus, како и хибридната изведба на популарниот седан од D Сегментот Mondeo

Sedan изведбата на новиот Ford Focus на динамичните и атрактивни линии им додаде нота на елеганција и сериозност на возило за семејство. Покрај возните својства напредната технологија и атрактивноста додава уште една нота на функционалност со поголемиот волумен на багажникот.

Цената на sedan изведбата е за 1.000 eвра повисока од цената на hatcback изведбата со пет врати и иста моторизација и ниво на опрема.

Вториот новитет е хибридот на најпопуларната лимузина на Ford кај нас и во Европа- Mondeo.

Така, Ford Mondeo Hybrid има 2,0-литарски атмосферски бензинец, електромотор и литиум-јонска батерија со капацитет од 1.4 kWh вкупна моќност од 187 КЅ.

Силата ја пренесува кон предните тркала преку континуиран автоматски менувач што е доволно за спринт од 0 до 100 km/h за 9.2 секунди и топ брзина од 187 km/h.

Потрошувачката на гориво кај хибридното Mondeo изнесува 2.8 l/100 km во градски режим на експлоатација.

Цената на Ford Mondeo Hybrid стартува од 28.500 евра.

За повеќе информации, за хибридниот Mondeo, како и за sedan изведбата на Focus посетете го салонот на Ford во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Први проблеми во партнерскиот брак помеѓу Ford и VW

Citroen co електричен concept на салонот за автомобили во Женева

Audi со нов електричен концепт на Palexpo 2019!

На стартот на годината VW со благ пад на продажбата!

Škoda Scala стартува со производство но цената ги загрижува Чесите!

Серискиот Maserati Alfieri пристигнува в година

Вработените во FCA воСАД на почетокот на март добиваат бонус од 6000 долари

Ford Kuga и со седум седишта замена за Edge во Европа!

Поради слаб интерес -VW и PSA ги стопираат своите најмали модели во Европа