Две од три продадени возила во Норвешка се електрични

Продажбата на електрични автомобили во Норвешка се зголеми за 48 отсто минатата година, што гарантираше дека речиси две од секои три продадени нови возила на четири тркала се автомобили на батерии, а Tesla, при тоа, е најпродавана марка….

Со цел да стане првата земја во светот што ќе стави крај на продажбата на бензински и дизел автомобили до 2025 година, Норвешка, инаку голем производител на нафта, ја ослободи продажбата на електрични возила на батерии (BEV) од данокот, кој се однесува на автомобили со мотори со внатрешно согорување, пишува Танјуг.

Tesla освои пазарен удел од 11,5 отсто на норвешкиот пазар на автомобили минатата година и стана бренд број еден во однос на продажбата за прв пат за една цела година, туркајќи го на второ место германскиот Volkswagen, со 9,4 отсто од уделот на пазарот, пренесува Reuters.

Најпопуларен автомобил на годината во оваа нордиска земја беше „Tesla“ Model 3, следен од хибридниот RAV4 на Toyota, единствениот во 10 најпродавано возило со мотор со внатрешно согорување и електричниот модел ID.4 на Volkswagen, кој го зазеде третото место. .

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои половни автомобили се најпопуларни на Стариот континент

Салонот во Детроит во Септември, а во Париз во Октомври годинава

Honda Civic Автомобил на годината во Северна Америка за 2022

Од 2030 година Mercedes нема да нуди каравани

SsangYong доби нов сопственик

Peugeot и дефинитивно се откажува од враќање на пазарот во САД

Непрофитабилните марки во Stellantis немаат светла иднина!

Кои половни автомобили се најдоверливи- по класи

И Bentley со рекордна година