е.Go Life предизвик за град!

Изведба со четири седишта долга 335 cm, со моќ во опсег од : 20, 30 и 40 kW, со автономија на возење со едно полнење на батериите од: 100, 113 и 145 km  чини 15.900, 17.400 и 19.900 евра…

Времето на електричните автомобили е сега и тие, наскоро на пазарот, во наредните денови, ќе стасуваат во „рафали“.

Во оваа сторија ве информираме за e.Go Life, на германската компанија e.Go Mobile GmbH од Ахен (Aachen).

Направен е според системот на модуларна градба, со алуминиумска структура на каросеријата и обложен со композитна пластика.

Интересен е по концепцијата за модуларна изведба и додека многу компании претеруваат со моќта и со автономијата на своите автомобили на струја, овој во основната верзија е достапен со батерија со капацитет од 20 kW.

Тоа на функционалниот Лилипутанец, како создаден за возење низг градскиот сообраќаен метеж, со напојување од литиум јонските батерии со капацитет од  14,5 kWh, му овозможува максимална брзина од 112 km/h и автономија на возење со едно полнење на батериите од 100 km.

Таа верзија, на пазарот во Германија, е достапна по цена од 15.900 евра (со стандардниот бонус што за електричните автомобили во оваа земја ги дава Владата од 4000 евра).

Во Германија истиот Лилипутанец може да се управува со возачка дозвола M1, што се добива на возраст од 16 години.

Средината на понудата е пакетот со електромотор од 40 kW и со батерија со капацитет од 17,5 kWh, доволно за топ брзина од 123 km/h и за автономија од 112 km.

Цената на оваа изведба во Германија (повторно со бонусот) изнесува 17.400 евра.

Најмоќната верзија, со 60 kW и со батерија со капацитет од 23,5 kWh ќе може да забрзува се до 142 km и со едно полнење на батеријата да помине 145 km, a нејзината цена на овој пазар изнесува 19.900 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Cupra Concept подготвена за Салонот во Франкфурт

Се враќа „монструмот“ Saleen 7 и пристигаат и два новитета!

Во Италија испитуваат со нова максимална брзина на автопат 150 km/h

И Toyota со Rover -концепт возило за освојување на нови планети!

Погонскиот мотор на Porsche за Formula Е

Новиот BMW X6 M пристигнува 2020

C8 Corvette – 2020 дебитира под името Stingray!?

Слеп механичар со полн гас возел низ пустина!

Најбрза куќа- колиба на тркала!